карпа (имн.) - во (предл.)

Уште сонцето не искочи од ридот, Толе со дружината ги фати карпите во Мечи Дол и го опседна тесното патче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во случај на неуспех и опасност Толе го клаваше Ќосото зад себе на коњот и така успеваше да излезе од обрачот на потерите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакам да му ги гледам забите, големи, бели, наместа разрипкани, како цврсти карпи во море.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Александар нема да ми верува. Тоа си го помислив пред да ја фатам кваката. Никогаш и не ми верувал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа некои велат: Отровот бил студена вода како мраз, што како ситна роса извира од една карпа во Нонакрида, па ја фаќаат во магарешко копито, оти не може да стои во никакви други садови, веднаш ги пробива со студот и острината.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Кадијата нареди јуриш преку Чебренскиот Мост и поп Јаков со своите старавинци, градевци, бзовичани и саточани два дена го држеа преку река, но на третата ноќ Турците го освоија мостот и почнаа да настапуваат преку самите карпи во кои беа бунтовниците, а некои од Турците преку Бзовиќ веќе им се кажаа зад грб, та беа принудени да отстапат за да дадат друга битка на Баба пред самата Старавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На смрачување, приседнаа на високата карпа во подножјето на гората, од каде што се гледаше градот, распослан како ситни шари на темен килим, проткаени со совршен мир.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)