Не го гледам но добро го знам  Тоа испотено чело на копнежот:  едноличен регистар  од сувата кашлица на чекањето  со две ладни ѕвезди во очите.
               
             
           
            
            
              „Дождови“
               од Матеја Матевски 
              (1956)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  По некој извик далеку, топот и фркање на коњ, отворање и затворање врата, замавите на метлата на Надежда во дворот уште раното, пред да може да се крене прашина, кашлицата на мајка ѝ.
               
             
           
            
            
              „Бунар“
               од Димитар Башевски 
              (2001)