Чанга не можеше да одреди каде цели татко, замислено трагајќи по директната врска помеѓу козите и балканските јаничари, па рече, повеќе за себе:  – И во сите тешки времиња на Балканот козите секогаш биле со луѓето?  – Да – прифати татко ми – козите биле со луѓето во сите тешки времиња на Балканот, пошироко во земјите на Средоземното Море, на Балканот и Далечниот Исток.
               
             
           
            
            
              „Времето на козите“
               од Луан Старова 
              (1993)