Во него се истакнува: „2. За да може по еден мирен и брз начин да се реши воената ситуација во југословенска Македонија и со тоа да се помогне нашата акција против германските окупаторски сили на Балканот, треба да се постигне договор меѓу Вас и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија по што:  д) Вие и војската под Вашето командување ќе се присоедини кон НОВ и ПО на Македонија и ќе преземете, под нивна команда, борба против германските војски;  е) Или да ја евакуирате територијата на Југословенска Македонија окупирана од Вас, откако претходно ќе ги предадете Вашето оружје и сите воени материјали на НОВ и ПО на Македонија.
               
             
           
            
            
              „Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
               од Тодор Чепреганов 
              (2001)