компањон (имн.) - во (предл.)

Веруваше дека беше минато времето на борбените операции откако во Тунис на 15 април 1988 година го изгуби својот прв компањон во борбата Абу Џихад.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Фетхи-беј Окијар беше Ататурковиот компањон во пресудните битки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Денот го минуваше во пеколно работно темпо.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)