Ако погледам уште малку ќе ги видам и првите фиданки  На таканаречената ботаничка глобализација  Која најстрого пропишува краставиците да бидат прави  И да не бидат подебели од осум сантиметри  Ако сакаат да бидат пропуштени до трпезите на Европската унија  Истата мака си ја имаат и доматите, празот и компирите  На кои уште незасеани им се дава до знаење  Дека во Европската унија сакаат само прави и мазни  И кој им е виновен на кривите краставици
               
             
           
            
            
              „Сонот на коалата“
               од Ристо Лазаров 
              (2009)