култура (имн.) - во (предл.)

Маргина 37 91 Со воведувањето на христијанството како официјална религија, во Египет како официјален државен јазик се развива новоегипетскиот јазик, кој од времето на египетската кампања на Александар Велики се потиснува од грчкиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Христијанската култура во Египет се оформува веќе врз почвата на домашниот новоегипетски коптски јазик, кој од сложениот систем на египетската демотика преминува кон нов систем на писмо, заснован врз грчкиот алфабет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Петер Млакар (Говор при отворањето на Европскиот месец на културата во Љубљана на 15. 5. 1997) линк Глобална сцена - Лајбах!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговото задирање во приватноста не е насилно бидејќи изложувањето на феноменот на урбана култура во градски простор мора да биде нешто што граѓаните нема да го доживеат како вознемирувачко продирање во секојдневието, туку како дел од околината со кој се служат и во којшто живеат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Крлежа, имено, пишува Кравар, се почувствувал предизвикан од ставовите што Шегвиќ ги изнел во уводникот на првиот број на Smotra, а посебно со оценката на Шегвиќ дека атмосферата на хрватската култура во тоа време е “заразена со бацилите на материјализмот, марксизмот, лажниот, себичен колективизам и со утопии за некој рај на земјата на база на ленинизмот”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Секогаш кога станува збор за таа ознака и тоа име (а тоа не се ограничува само на културите во кои се применува тнр. „стварно“ обрезување) ми се наметнува ако ништо друго барем ликот на обрезувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сонував за тоа да пишувам - и веќе примерите го подучуваа сонот, го управу­ ваа одредениот јазик, ликовите, имињата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во моите списи, јас ѝ се спротивставив на мултикултуристичката замисла дека можете хармонично споите неодреден број на култури во еден убав мозаик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Башка повеќе жежи затоа што „културата“ (во чие опкружување се обидува да дише на шкрги и да биде одвај видливо, ко Челичната Шепа, ова ситно, наказно телце по име Маргина/ Темплум, некакво си хибридче од пар култури, и затоа опасно) речиси дека е на ниво на племенска култура, без критериуми, релации, фидбек, самопрогласена, самобендисана, без најобична рецепција (а камоли „критична“!), култура во која бавењето со книги или е работа на примитивни социјалистички профитери- гребатори или најцрн идеализам кој за кратко време ишмукува толку што човек се претвора во школка, во ехо на згазен молител.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Најречовита и најсамосвесна забелешка, би рекол, му е следнава: „Но, причината поради која белците ја сакаат иронијата е што таа им овозможува да се си се позабавуваат и да им биде подобро во сопствената кожа“.419 Таквата иронија им овозможува на успешните шизички стрејт-белци, вклучително и на Ландер, да се справат со срамот поради тоа што се повластени и белци дистанцирајќи се од културата во која веќе спаѓаат, тешејќи се со можноста дека не се докрај вмешани во неа, ставајќи се над неа и надвор од неа благодарение на тоа што имаат критички поглед, како и преку идентификување со маргинализираните луѓе, што им овозможува и понатаму да си учествуваат во неа со почиста совест.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Барем не уште многу долго.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Средишниот дел на книгава му се посвети на исцртувањето на логичните врски меѓу неколку меѓусебно поврзани вредности што ги создаваат тие констелации и на показот како тие внесуваат обродени и сексуални значења во голем број елементи од културното поле – како тие структурираат една поширока поетика на културата во смисла на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го задушува распространувањето на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ги елиминира и материјалните предуслови за медиумска култура во чија основа е заедницата, на политички и општествено напредна медиумска култура и, наместо тоа, го поттикнува подемот на сјајните списанија за животниот стил и кабелските канали, кои се насочени кон националната пазарна ниша и кои се темелат врз канонскиот, службен, главнотековен геј-идентитет, а е против прогресивниот интелектуален, политички и естетски израз, особено против облиците на размислување и критика. ‌Во такви околности, програмата на геј-политиката и на геј-живеењето ги запоседнуваат грижите на луѓе што живеат раштркани и релативно изолирани, заглавени меѓу хетеросексуалците во гратчињата и во руралните подрачја, наместо собрани заедно во велеградските центри.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Женствената идентификација“ е поим со кој јазикот на психологијата се служи за да го опише она што обично е конкретен општествен процес на позиционирање на себеси во рамките на склоп од културни кодови што дефинираат множество од емоционални и афективни улоги, ставови и практики од личниот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што пред извесно време нѐ потсети Стјуарт Хол, „идеологијата како општествена практика се состои од ‘субјектот’ што се позиционира во конкретниот комплекс, во објектификуваното поле на дискурси и кодови што нему му се на располагање во јазикот и во културата во даденa историска конјунктура“.368 Па кога машките субјекти кои пожелуваат мажи ќе заземат женствена позиција, тие можеби не ѝ подлегнуваат толку на неумоливата сила на некој крут склоп од општествени норми – на општествената логика на хетеронормативноста – колку што можеби гравитираат кон извесни афективни и дискурзивни можности што веќе постојат во пошироката култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ландер, кој е Канаѓанец и кој се опишува себеси како „недокториран докторанд“ што живее во Лос Ангелес, има да каже разни занимливи и забавни работи за прашањето зошто таквите луѓе ги привлекува иронијата, зошто иронијата има толку значајно место меѓу работите што ги сакаат белците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Има многу варијации на начините на кои се конструира машката геј- култура, во поединечните геј- заедници што припаѓаат на различни национални или етнички култури во разните делови од светот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Отсуството на критична маса од геј-мажи што ќе биде физички присутна на едно место го отежнува забрзувањето на темпото на културното геј-софистицирање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие стандардни, стрејт-начини на доживување на светот подразбираат начини на чувствување, како и начини на реагирање на културните објекти и активности што се веќе кодирани за родот и за сексуалноста, начини на сопствено ориентирање во однос на сите констелации на меѓусебно поврзаните вредности што се одговорни за обојување на лицата, на однесувањата и на жанровите на дискурсот со густите општествени значења кои ги носат, значења што исто така се однесуваат – без разлика колку благо – на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Залогот е културата во целина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа одразува една поширока културна логика со која родовите практики ја поврзуваат женственоста со посебни облици на изразување и голем сплет културни вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пристапот до главнотековните општествени облици: воената служба, припадноста во црква и бракот. ‌Ова многу ги објаснува карактерот и преокупациите на современата геј-политика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Популарната геј- култура во Турција, во Индија, на Тајланд, на Филипините, во Кина и во Јапонија, колку да споменеме само неколку од најбележитите примери, може да имаат многу врски со европската и со американската геј- култура – Леди Гага сега е глобална машка геј- икона (ниеден геј- маж не ѝ се ни доближил) – но машката геј- култура таму покажува и многубројни локални, особени белези.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тој случај, може да заземат одредени стратегии на избегнување кои ќе им овозможат да ги избегнат општествените повици да го доживуваат светот на хетеросексуални и на хетеронормативни начини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто залогот не е само геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеш и понатаму да си се држиш за идеалниот калап на добриот хомосексуалец: некој доблесен, мажествен, полн самопочит, достоинствен, што не е од „сцената“, непромискуитетен, со конвенционален светоглед и солидно приврзан за традиционалните вредности – прав граѓанин и честит припадник на (стрејт) општеството. ‌Накратко, појавата на една разбиена, виртуелна заедница и исчезнувањето на една настрана јавна сцена, заедно со губењето на две-три генерации геј-мажи поради сидата, отстрани голем број од условите нужни за одржувањето и за унапредувањето на геј-ослободувањето – за културен и политички вриеж што ја подигнува свеста и за меѓугенерациско пренесување на настраните вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не сум баш сигурен дека многумина од нас би го прифатиле тоа како добар опис на кампската иронија, која – барем онака како што ја опишав – не им остава на своите практичари многу простор за самоизземање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, нашите катхези ѝ соодветствуваат на објективна структура на нивно барање, обликување и складирање која придонесува далеку повеќе кон значењето на некое дело од масовната култура отколку што придонесува истрошениот естетски дизајн, односно проѕирната идеолошка пропозиција, кој е сѐ што останува кога ќе се пренебрегнат. (68–69) Ова во прв ред е аргумент во прилог на значењето на масовната култура во „сентименталната историја на општествените групи“,123 а во втор ред е аргумент да се воведе во проучувањето на масовната култура еден вид критика која е поинаква од чисто идеолошката, критика што се сосредоточува на содржината на самата форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ја напишал „кландер“ (Кристијан Ландер), основачот на страницата, а во неа се изнесува извесен хипстерски поглед на белците хипстери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквите можности се кодирани за родот и се поврзуваат со него, но во нив не се работи конкретно за родот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наведената цел на курсот беше да се опише машки геј- светоглед и да се истражува, да се анализира и да се разбере машката геј- култура во својата особеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И треба да се надеваме дека нема да се смени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Точно, машката геј- култура во некои точки се совпаѓа со лезбејската култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-женственоста, значи, е културно обликување, а не само психосексуално.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
2 Данчо Зографски, Условеноста и намената на Велешкото трговско училиште од 1857 година - Школството, просветата и културата во Македонија во времето на преродбата, МАНУ, Скопје 1979, 44. 2а Според Васил К'нчов, кој Велес го посетил подоцна, кога стопанскиот процут на градот бил минато, се изработувале до 400.000 кожи (Сегашното и недавно минало на град Велес - Избрани произведения II, София 1970, 196).
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Демократијата овозможи сите да имаат слободен пристап до културата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, не значи ли тоа само неефикасна закана со побожни фетиши да ја избркаат несигурноста на сегашноста?” (Bruckner,69) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 109
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1 „Ни недостасуваа крстоносните војни, конечно ни се пружи убава прилика, но таа војна допира длабоко во нашата приватност и предизвикува пеколни маки или небесно блаженство: според тоа дали ќе слушате Bach или Mick Jagger, ќе бидете спасени или проклети.“ (Bruckner, 62)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Популарната култура во нивните очи не е ништо друго, туку енормен аудиовизуелен Антихрист, што ги загрозува главните општествени вредности и стандарди.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Меѓународните установи секако се свесни дека е нужно да се сочува разноликоста на културите во светот, на којшто му се закануваат монотоност и униформност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Популарната култура наводно претставува најголема закана за општеството; меѓу другото е наводно виновна за тоа што младината сѐ помалку чита и станува сѐ поглупава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тука можеме да се согласиме со Pascal Bruckner, којшто аргументирано (со набројување на големи историски грозотии, направени под маска на висока култивираност) го застапува мислењето дека врската меѓу културата и моралот никако не е сама по себе разбирлива, дека е илузорно развојот Margina #32-33 [1996] | okno.mk 101 на слободата да се условува со образованието и дека на пример читањето романи сѐ уште не нѐ прави потолерантни. 1 Finkielkraut спаѓа меѓу оние критичари на популарната култура (и како што му прилега на еден филозоф, критичар на духот на времето, воопшто), што нѐ восхитуваат со блескав, изострен стил и богата ерудиција (треба да се признае дека во тој поглед противниците на популарната култура честопати ги надминуваат поборниците), но и покрај тоа не можат сосема да нѐ убедат со своите судови. Finkielkraut се обраќа токму на оние што за мизерната состојба на современата културна, политичка и општествена сцена не наоѓаат убави зборови и при тоа никогаш не забораваат да го наведат единствениот виновник: популарната култура во сите појавни облици (би можеле да речеме дека тука се среќаваме со своевидна форма на нетолеранција!).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Исто така разбираат дека нема да биде доволно, ако сакаме да ја постигнеме таа цел, да ги негуваме локалните традиции и лесно да се простуваме од преживеаните времиња.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И покрај тоа постојат некои важни разлики во мотивацијата на денешните загрижени глави.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако популарната култура во педесеттите години презриво ја споредуваа со “средновековно лудило”, таа сега станува нешто навистина опасно: конкуренција што ја слабее и ја загрозува политичката и економската моќ на водечките медии.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За тоа пред некое време во статијата со наслов The Media's War on Kids вехементно расправаше Jon Katz, новинар на американскиот двонеделник Rolling Stone.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Според мислењето на Finkielkraut живееме во време на feeling, на општа ревитализација на вредностите и отстранување на разликите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Треба да се спаси разноликоста, а не историската содржина, што ја дала секоја доба и која што ниедна доба не може да ја сочува вон своите граници.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само така можеме да разбереме дека некои ја негираат масовната култура и забава во име на 'високата култура' со подеднаква непопустливост како и Црквата што некогаш ја осуди таа иста култура во име на „светата вера“, и дека на моменталните успеси им го даваат за пример бесмртниот Racine и Monteverdi и при тоа ризикуваат тие великани да ги осамат во царството на совршеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа е нивната реакција толку силна и пресметана; имено, тие посегнаа по сигурното средство за мобилизирање на јавноста и проблемот на популарната култура го претставија како образовен проблем.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се запослив како аниматор на културата во Културно просветната заедница.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Стоевме на влезот на Центарот за култура во еден мал град. Директорот на центарот, за цело време додека разговараше со мене, погледнуваше кон влезната врата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Беше во тек со културата во градот и пошироко.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Работел како директор на Домот на културата во Струга.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Човечката култура во ниеден случај не смее да се сведе на збир од поединечни култури.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оваа преобразба на културата во моја култура за Бенда е токму она што го обележува модерното доба и го претставува неговиот незаменлив и пророчки придонес кон моралната историја на човештвото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Средбата на поединци со слични естетски и етички интереси и општествени искуства откри дека самата тема предизвикува мошне бурна и интензивна расправа за уметноста и културата во осумдесеттите, и поттикнува расправа за специфичната улога што културата и уметноста ја одиграа при преобразбата на Источна Европа.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од 93-та имаме свој сопствен Интернет on-line систем, наречен Hacktic па преименуван во Acess for all, и тоа ни дава можност да дознаеме како се создава сопствена он-лине култура во Амстердам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но мојот фокус е повеќе на технологијата и нејзината поврзаност со нашата култура во целина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И покрај постојаната политичка борба во Сенатот, секојдневните подлости на политичките соперници, тој во Политиката го наоѓаше сублимирано токму разнообразното задоволство на својата култура во која трговијата, измамата, вештиот збор беа и опстанокот и уметност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Да се присетиме просто, во груби црти, на фактот дека револуцијата на идеите, резот - „епистемолошки, како што се вели - чиј што најинтензивен момент можеме да го врземе за времето околу 1913. година, во метежот што го донесе, како во областа на математичките и физичките науки, така и во подрачјето на сензибилитетот, може во повеќе од еден поглед да се спореди со климата во времето 1480-1500, помеѓу крајот на средниот век и почетокот на ренесансата, помеѓу опаѓањето на средновековниот хуманизам и премисите на една нова култура во која се мешаат, во единствен синкретизам, томизмот и неоплатонизмот, емпиризмот и номинализмот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)