А потоа пак е исто: пругата, ридот, тополата, куќичката и небото, сино или темно.
               
             
           
            
            
              „Билјана“
               од Глигор Поповски 
              (1972)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Хирургот Никола или?... Не знаеше дека му готват стапица и се сеќаваше - ја испрати Јана до циганскиот крај на крај на град и шарајќи со очи по разнобојните мали куќички и ги стисна рацете:  „Се каеш ли?“  Недалеку од нив голомешесто Циганче со стар, ноќен сад на глава, сонуваше да стане војник.
               
             
           
            
            
              „Месечар“
               од Славко Јаневски 
              (1959)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Го одврзавме од куќичката и тргнавме надолу по улицата кон куќичката на баба Стеве.
               
             
           
            
            
              „Игбал, мојата тајна“
               од Јагода Михајловска Георгиева 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Кога одам во Влае, неизоставно ја посетувам неа и дедо Роман.
               
             
           
            
            
              „Игбал, мојата тајна“
               од Јагода Михајловска Георгиева 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  —  Бујрум, бег, бујрум, повелете! — ги кани Лесната на прагот од својата ниска куќичка и вика по сина си Стојана да запали борина, оти веќе и мракот падна.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Но, иако градбите што растеа како тополи го потурнуваа него - со куќичката и старата - сѐ пониско од земјата, железничарот Круме сепак се враќаше дома со претчувство дека           ќе здивне: ако ништо друго, тоа го ветуваше преполовеното пагурче.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 34“
              
              (1996)