лажица (имн.) - во (предл.)

Со овие постапки (мислам на толчениот лук со оцет и вода од сношти, како и на шеќердисаното слатко од утринава) дали посакував да се уверам дека животот продолжува со својот вообичаен тек?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако стомакот ми беше двојно поголем од обично, без размислување ја искркав супата на огромното задоволство на тетка ми Марија, која ми тури уште една лажица во чинијата уште пред да завршам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Петлите си знаат уште во темните темници да ги скорнат домаќинките, лебот да се меси, да втаса, да се пече; манџиче да се зготви, софрата да не биде празна - Да не тропа лажицата во празна паница!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сега ја држеше лажицата в рака, гледаше како сите околу него сркаат, како да се на некој натпревар по сркање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Остави го, викам и трчам уште со лажицата в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вистина, имав малку стомак и газ - но не толку стомак колку што имав претходниот ден.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми даде лажица во рака и ме испрати кај соседите да земам сол не знам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Зар не виде како се џарам околу себе додека ја враќав теглата во празнината на ѕидот и додека ја спуштав лажицата во каленицата од која минатата ноќ сркав надробен леб во толчен лук со оцет и вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)