Ова е проследено со зголемување на улогата на државата во јавните функции како што се 86 образованието, медијацијата во социјалните конфликти и обезбедувањето на социјална сигурност, како и преку преземање на сопственост и контрола над медиумите.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Но јас морам да ви раскажам уште едно минување на оваа граница помеѓу она во пролетта на 1979 година и сегашното во почетокот на 2001 г. преку фрагментот од моите записи од границата:
Има една долга гранична линија помеѓу Албанија и Македонија, граница со долга и незавршена историја, граница која го обележа животот на моето бегалско смејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Телефонските линии помеѓу Bronx и Queens се во прекин, информациите се блокирани, овие од Bronx гледаат само TV-Bronx, оние од Queens само TV-Queens.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во Типаза на самата линија помеѓу брегот и морето имаше огромни отворени камени саркофази, во кои влегуваше и излегуваше самата минливост.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Границата го означи спасоносното катарзирање на линијата помеѓу животот и смртта.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И сѐ изгледа познато, а секогаш е различно во линијата помеѓу убедувањето и уверувањето во философските дилеми.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Граничните линии помеѓу јазиците исчезнуваат.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
И додека таа линија помеѓу Евреи и не-Евреи се повлекува теоретски и токму со несмалена жестокост, дури и таму кадешто државно-политичкото држење на овие првиве не дава причина за приговор, онаа другата линија, поважна во траењето и далеку попресудна, линијата помеѓу доброто и лошото, се занемарува.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ова значително влијание кое државата го стекнува над приватната сфера придонесува за бришење на линијата помеѓу државата и граѓанското општество, помеѓу јавната и приватната сфера.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)