Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес  им пееше на своите војници;  со неа просторите ќе ги заробам во време  и како граница меѓу столетијата  ќе ја оставам својата надеж  во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи;  со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам  во ѕвездите; необјаснивите знаци  на луњите и на пустошот, низ надежта  ќе ги пресоздадам во тајнопис  кој како жесток призив:  мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви  а татковината во мртвите  ќе чита свое спасоносно писмо.  ***
               
             
           
            
            
              „Ненасловена“
               од Анте Поповски 
              (1988)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Внатре имаше шест златни лири со кои Луман плаќаше сѐ што зел од Бошка.
               
             
           
            
            
              „Луман арамијата“
               од Мето Јовановски 
              (1954)