лутина (имн.) - во (предл.)

Но без лутина во гласот. Туку така, колку да се викне. По навика.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А и што би можело да ги стивне сега децата, штом во дворот се смее убав сончев ден?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Малку лутината во меѓувреме му помина, малку си вели дека комшијата е комшија и никако нешто да стори.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се будеше влажен и без зачуденост, со лутина во залепените вилици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А Китан со жена му и син му вртеа кришум околу куќата на Танаил и со јад и лутина во срцето гледаа кој им доаѓа на честитање.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Умееше да ти се умилкува, да те задева и да те повлекува сè додека не го добие она што го сакаше, знаејќи дека навистина не мислеле да го казнат и дека лутината во гласот била лажна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го помина камениот мост со неговите четиринаесет свода и со двата гроба отстрана на неговите градители, и токму кога се загледа кон многуљудната врева кај Даут-пашиниот амам, пред него, пак поради некаква важна случајност, застана чуварот на мостот и му се загледа со лутина в лице, небаре Ибн Тајко имаше скриена намера нему, кој се грижи за мостот и за неговото одржување, на некој начин да му наштети.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Какви тајни работи?“ праша Костадин. „Какви работи. Се среќавала со некого тајно, си разменувале писма.“ погледнувајќи го Петар со лутина во очите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Поеднипати тоа му беше толку просто, како Добро утро, а по некогаш, со онаа лутина во себе, тој честопати можеше да ги препрашува да пресудат тие по правина дали се вистински сине оние лутини во него, да му помогнат со тоа што ќе му покажат што треба да се стори, тие двајца луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се кренав и јас, но овој пат со она чувство на задоволство, но и со малку нетрпеливост па дури и со лутина во гласот: - А што очекуваше да ти кажам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не се однесуваше ни на приказната што се обиде да ја разврзе Огнена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, по малку време и сосема неочекувано насмевката му ја врати на лицето ведрината!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не, и тој, без упатства и без совети го избра оној пат што и ние го избравме кога тргнавме да се избориме за она што го посакувавме.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но дека ова спомнување на грешките во животот не се однесуваше на водата и на мојата лутина во врска со недостигот од неа, беше повеќе од јасно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или поприфатливо ќе ти прозвучеше ако речев дека наш Иван го избрал тунелот за патека верувајќи дека и таа негова јунаштина ќе му помогне да го открие она по што можеби и со години трага?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но таа збунетост пред мојата исповед , барем на неговото лице, траеше само еден момент.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му зборувам ете така, прилично горчливо, но без лутина во гласот, а тој ме гледа како првпат да го видел моето лице. И не е многу е среќен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она, дека и Иван пропуштил да се обиде со главата в ѕид?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Земи некоја наполитанка, де! “ - настојуваше насмеана цимерката, очигледно без повеќе лутина во себе.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Дома кај него кој знае што станува: мајка му од лутина в земја ќе го спотера.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Земи, - со лутина во гласот му рече Луман. – Земи!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
ако им се придружи некој што споро оди, или го присилуваат да ги следи, да брза како нив, или го оставаат; кога чекорат, тупкаат со нозете како тропот на валавница: и маката и лутината во одењето ја оставаат; оние што газат со ситен, кус чекор, темелити луѓе се: одат и размислуваат; одењето им е рамномерно, одмерено, ритмички, како чукање на часовник: со одењето поврзано им е и движењето на телото, мислите и импулсите; одат складно како да ги поврзуваат, нижат чекорите;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)