максимум (имн.) - во (предл.)

Исто така, кај договорот за работа со неполно работно време се користи принципот pro rata temporis (колку работа – толку права) односно работникот своите права ги остварува пропорционално на времето за кое што го склучил ваквиот договор, на пр. тој има право на годишен одмор со минимално времетраење од 10 работни дена, за разлика од работникот кој работи со скратено работно време кој го добива законскиот максимум во времетраење од 20 работни дена. 19 Според чл. 32, ст. 2 од Уставот на РМ (1991): „Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)