Ако ги елиминирате популистичките национални еуфории и ситните манипулации на овој план кои не се ништо друго туку само една бесполезна ниска страст за масите која во фундусот на историјата неминовно завршува или како евтин културен и политички кич или како невкусен и дегутантен хорор, националната еуфорија може да биде позитивно користена од визионерите на општеството, уметниците, научниците и политичарите хуманисти како генератор на големи уметнички, научни и социјални потфати.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 26-28“
              
              (1996)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Може слободно да се рече дека сѐ што овде историјата, во своите чести брутални бранови, заматуваше во водите и душите на луѓето, во победите и падовите на империите, во налетот и манипулациите на идеологиите и неизвесноста на конверзиите, Езерото со својата магично обновлива чистота разбиструваше, ја осветлуваше надежта и во најмрачните времиња...
               
             
           
            
            
              „Патот на јагулите“
               од Луан Старова 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Југославија, со своите делови кои биле под Османската империја (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Македонија), но и под империјата на Австро-Унгарија (Словенија, Хрватска, Војводина), можеби повеќе од било кои делови на Европа и светот, опстануваше во жилава инерција, се метаморфозираше, понекогаш се обновуваа рецидивите на синдромот на јаничаризмот, на невозможните манипулации на монархистичката, републиканската или идеолошко-тоталитарната власт со идентитетот на човекот кој живееше во различна јазична, етничка, верска, идеолошка и друга заедница.
               
             
           
            
            
              „Амбасади“
               од Луан Старова 
              (2009)