манџа (имн.) - во (предл.)

На сите лица радост, опијанетост од убавината, од средбата, од миризбата на вкусно зготвената манџа во казаните што испарува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја ослободивте ли пуста Македонија? — ги засипа со прашања Ѓорче Петров во еден од првите септемвриски дни беловодичките раководители Игета, поп Пана, Милана и Тошета, кој со сто и триесет момчиња и осум маски џебане се проби низ Кратовско Кумановскиот реон, го прејде Вардар над самиот Велес и преку Азот ја фати Бабуна, да може некако да помогне, ако е за помогнување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го знам нивното маало, зашто навратував кај мајка му и носев алишта за теснења, поправки и поткусувања и како што ќе влезев во маалото ќе ме пречекаа исти гласови на две жени што везден се довикуваа: - Сара! - ќе викнеше едната - Што е Бела? - ќе прашаше другата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тука и преноќуваа, варејќи манџа во комитските казани и чудејќи се на остатоците од маскините глави. А патот на востаниците веќе се знае: Маргара над Чаниште.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Живееја во една од оние улички во кои куќите се толку збутани една во друга, што комшивките знаат што манџа во чија куќа се крчка, кога се подготвува пастел, кога, бурмуелос или алхарос7.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таква е овчарската манџа во постите која ја имаат крстено „свирипиле“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)