мебел (имн.) - во (предл.)

Сè се сведе на определување на редоследот на купување и добра поставеност на фрижидерот, стерео опремата, мебелот во дневната соба, потоа мотор, машина за косење трева, завеси, машина за перење.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Работи во една поголема фабрика за уметнички мебел во Курбевоа, во едно од париските предградија. работи и неговата жена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некои се задоволуваат со тоа што ќе сменат чорапи, некои други се поамбициозни и менуваат фризура, некои го менуваат распоредот на мебелот во дневна, некои менуваат работно место, некои брачен партнер, некои одат дури дотаму што ќе се променат себеси...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Но, вие не сте можеле да ги отстраните  секако дека не сте можеле да ги расклопите сите парчиња од мебелот во кои би можело да се смести некој предмет на начинот што го опишавте.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И мебелот во просториите е украсен со кучешки кожи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Нашата земја, иако е позната со копаничарството, немаше мебел во длаборез.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Му остана уште да се заштити од публиката и поради тоа почна да ја заведува плашејќи ја, поттикнувајќи ја повторно да ги пронајде сите силни возбудувања од детството кога се играло криенка зад мебелот во мирната куќа, кога навечер, во креветот, заборавената играчка на некој дел од мебелот добива таинствен и вознемирувачки облик.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)