мина (имн.) - во (предл.)

Татко, кутриот, откако од Судот, за кусо време, мина во Институтот за национална историја, па на крајот во Архивот, со сиџилите, како Сизиф, со нова задача и мисија, одеше прв и се враќаше последен од работа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И тие си ја вршеа совесно својата должност за да си ги запазат своите местенца во дуќаните, ако не сакаат да дупат мини во тунелите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Позадоцнеме десетина мина во Прилеп еден пазар лани. Не можеме да и продајме добиците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но смислата на овие нејзини зборови Соколе треба да ја сфаќа веќе буден, зашто таа му мина во тој миг како проѕирна измаглица меѓу лозите, тој сега ги гледа пред себе само мирните зелени лози и гледа дека сето ова што го доживеа било само сон.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Цел ден мина во обиколка на кафаните и кантите за отпадоци - и ѓубрето го имаше погодено рецесија.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кога се повлекоа војските од селото, Танаил започна сѐ позачестено да пука со мините во каменоломот за да го надомести сето она што го изгуби во времето додека војските беа во селото и кои му забранија да пука.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таму не го најде. Мина во третиот, четвртиот. Патрокле потонал некаде.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа полека му мина во страст, во навика, па дедо му Димо, ценејќи ја и почитувајќи ја таа убава навика, се трудеше средната греда од таванот во тремот, секогаш да биде слободна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ни самиот не беше свесен кога мина во власта на Нептун.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„Последната“ вечер тој ја мина во мојот дом.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Пораснав без татко и тоа ми мина во навика.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А мајка ми, не знам колку сум во право, уште помалку ја измачуваше отсуството на татко ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но истиот момент пребледе: дали тој почнуваа да станува луд.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Целиот следен ден мина во потиштеност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
2. Врз папокот времето си седнало За дома да си дојде ожеднало Ни првата година не мина во резето на душата болест зина, уште спомените топли ми беа животот облече страдална дреа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таа целиот живот нас нѐ спасуваше, животот ѝ мина во тоа, но сега ѝ дојде редот да ја спасуваат нејзините чеда!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)