мисија (имн.) - во (предл.)

Во тие исчекорувања и застои на неговата бирократска кариера, помина повеќе од половината на неговиот работен век и четврт век од бракот со Лила, кога започна војната и кога кабинетот на Првиот министер го именува на високо место во Комесаријатот за еврејски прашања, а потоа и за делегат на тој комесаријат, деташиран во новите предели на новата мисија во Скопје.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој ја оствари својата мисија во текот на осумдесеттите - бурна застрашувачка деценија на негативен пандемониум.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
При предавањето на наредбата на мисиите им било нагласено дека тоа се прави со знаење на претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито и со шефот на британските воени мисии во Југославија Фицрој Маклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Проектот претставува прв обид врз основа на оригинална архивска документација од Public Record Office и Liddel Hart Centre for Military Archives King`s College London, да се претстави активноста на британските воени мисии во Македонија т.е. во еден континуитет да се следи активноста на планерите на СОЕ во однос на нивната политика спрема Балканот и Македонија и испраќањето на британски воени мисии во Македонија и нивната секојдневна активност со што се дополнува сликата за учеството на македонскиот народ во Втората светска бојна и неговата борба за независна и самостојна македонска држава. __________________
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Непосредно по напуштањето на Балканот како резултат на германската и италијанската окупација на Балканот, британската известителна служба започнала со испраќање на воени мисии во нив.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Британските воени мисии во Вардарска Македонија за време на НОБ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
235 Воените мисии во извршувањето на оваа операција се наоѓале на следните локации: Spike се наоѓал на линијата Скопје-Велес, Conserve во областа околу Битола; Abbevile на патниот правец Штип-Церево село и Штип-Струмица; Burlesque на линијата Скопје-Лесковац; Brasenose на патниот правец Гостивар-Охрид-Битола; а линијата Скопје-Косово се наоѓала во рацете на Германците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во телеграмата испратена до шефот на британските воени мисии во Југославија Фицрој Маклин, се барало тој да го запознае претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито со британскиот став во однос на нивните разговори за југословенско-бугарската подготвеност да одобрат конфедерација меѓу сите балкански држави, непријателски и сојузнички и по можност вклучување на Турција, додека не би одобриле и би спречиле “ексклузивно обединување или федерација меѓу Југославија и Бугарија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тодор Чепреганов Британската управа за специјални операции (СОЕ) во Македонија: Британските воени мисии во Македонија (1942-1945) (2011) Скопје CIP 821.163.3-32 ISBN 978-608-240-010-5 COBISS.MK-ID 94426634
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, на 18 март 1943 година капетанот Морган во својата процена на ситуацијата во однос на воената мисија во Македонија истакнал дека “во моментот не постои сигурна информација за постоењето на група на отпорот во Македонија, како што претходно бевме известени.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На тој начин првите британски воени мисии во текот на септември биле упатени на територијата на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кон промената на британскиот став во однос на НОД во Македонија сигурно придонела и средбата на Светозар Вукмановиќ-Темпо со шефот на британската мисија во Грција Еди Маерс.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, испратените мисии во првата половина на 1943 година не успеале да ја извршат поставената задача поради фактот што четничкото движење на територијата на Македонија било незначајно и составено од просрпски ориентирани елементи и без каква било поддршка од македонското насление.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Институт за национална историја, Скопје, 1998; Д-р Тодор Чепреганов, Британските воени мисии во Македонија и нивните оценки за воено-политичката состојба во 1943-1945 година низ нивните оценки за воено-политичката состојба во 1943-1945 година низ нивните извештаи.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
94 Непосредно по спуштањето и запознавањето со ситуацијата во Македонија, британските воени мисии во своите извештаи до СОЕ во Каиро нагласувале дека единиците на НОВ и ПО на Македонија се носители на вооружената борба, но посебно потенцирале дека ним им недостасува оружје и дека две третини од борците биле недобро облечени и барале СОЕ да почне со доставување на оружје, муниција, облека, лекови и сл.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На увид ни беа ставени илјадници документи: радиограми од/до воените мисии во Македонија и нивните претпоставени штабови; меморандуми; воени и политички анализи за состојбите во Македонија и соседните земји и др.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
364 Затоа не треба да чуди загриженоста во Форин Офис и од информацијата на шефот на британските воени мисии во Југославија Фицрој Маклин од 21 јануари 1945 година во која било пренесена изјавата на Јосип Смодлака, повереник за надворешни работи на НКОЈ, за согласноста на бугарската влада “конечно да ѝ ја отстапи бугарска Македонија на Југославија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Затоа сугерирал “да се поттинат националните елементи да се организираат за борба“.28 Испраќањето на мисии во штабот на четниците од страна на СОЕ продолжило и во 1942 и 1943 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но пред Маерс да успее да го направи тоа, апаратот бил купен од страна на ЕЛАС на црниот пазар.84 Овој контакт сигурно дека допринел Еди Маерс да го извести својот штаб во Каиро за македонските партизани и нивната борба и да влијае во испраќањето на мисија во ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во својата информација до Министерството за надворешни работи на Велика Британија го нагласил уверувањето на Јосип Броз Тито со кое на командантите во Македонија “им се дадени нови инструкции да не прават понатамошни референции за Грција или за македонското прашање без да се консултираат со него“ а дека заштитата на југословенските интереси ќе биде поставена по редовен пат на мировна конференција по завршувањето на војната.297 Интересно е што во еден од извештаите се истакнува дека “АСНОМ и ОЗНА отворено истакнуваат дека тие го мразат присуството на сојузничките мисии во Македонија и ќе направат сé за да се ослободат од нив во првата прилика“.298 Имено на 10 декември 1944 година ГШ на НОВ и ПО на Македонија го известил ВШ на НОВ и ПО на Југославија за нивниот став сојузничките воени мисии да ја напуштат Македнија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Активностите на првите британски мисии во Југославија требало да се одвиваат во рамките на т.н. еквидистанца и по “двоен колосек“ - помагање на четничкото движење и на НОВ и ПОЈ, а со единствена цел, осигурување на своите интереси во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
1 На оваа проблематика во македонската историографија со свои статии се имаат пројавено: Проф. Д-р Данчо Зографски, Британските мисии во Вардарска Македонија за време на НОБ 1941-1945.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Британскиот оддел на СОЕ во Каиро по испраќањето на првите воени мисии во штабот на Дража Михајловиќ и другите четнички штабови (септември 1941) започнал со подготовките за испраќање на мисии и на територијата на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Исто така, британската воена мисија имала задача да известува за воената ситуација во оние области кои ги држеле партизаните и преку радиоврски да ги соопшува Титовите гледишта.33 Активностите на првите британски мисии во Југославија требало да се одвиваат во рамките на т.н. еквидистанца и по „двоен колосек“ - помагање на четничкото движење и на НОВ и ПОЈ, а со единствена цел осигурување на своите интереси во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Имено, таа пристапила кон подготовки за испраќање на воена мисија во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во одговорот, Артур Едмондс член на британска воена мисија во делот на Македонија под Грција, на 13 март 1944 година во својата радиограма ќе објасни дека кратенката е “словенско име и за ЕАМ и ЕЛАС заедно или одделно во Вичо“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Доколку до крајот на јануари 1943 година не се воспоставило контакт со четничката група во Пореч тие сметале дека може да се извршат подготовки на спуштање на мисија во Приштина. Ibid. 58 По капитулацијата на Кралството Југослаија и на Кралството Грција во април 1941 година, британските агенти кои се наоѓале на територијата на Југославија и Грција се повлекле во Турција каде добивале информации за состојбата во окупираните земји од патниците кои пристигнувале од тие земји. 59 PRO HS5/887. 60 Денес Делчево. 61 Се однесува на активноста на Прилепскиот партизански одред. 62 PRO HS5/887 63 Ibidem. 64 Ibid. 65 Ibid. 66 Ibid. 67 PRO HS5/886/ 68 PRO HS5/887 69 Ibidem. 70 Ibid. 71 Во документот не е наведено местото каде е спуштена оваа група.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Дотогаш СОЕ имала свои мисии во Грција и Југославија помагајќи ги сите оние кои давале отпор против окупаторот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Врховната команда на Црвената армија да испрати воена мисија во ВШ и ПОЈ и дека “Југославија ќе се обнови во целиот интегритет и независност“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според него, британските воени мисии во Грција би требало пред сѐ да бидат ангажирани во реализирањето на воените цели и да не дозволат „некои т.н. политички процеси да ни застанат на патот“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Исто така Милер известил дека на Заседанието одржал говор и Светозар Вукмановиќ - Темпо кој нагласил дека “партизаните на македонската армија се подготвени за понатамошни операции против Хуните во правец на Берлин“.305 Текот на Заседанието со особено внимание бил следен од претставниците на британската и американската воена мисија во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како резултат на тоа во Скопје во средината на 1945 година бил отворен конзулат, со што престанала работата на британските воени мисии во Македонија. SUMMARY By the beginning of the armed war in Macedonia, October 1941 intil the summer 1943, the British diplomacy was not preoccupied by the Macedonian issue, due to a simple reason that in its calculations regarding the postwar settlement, it had to stay in the frameworks of the Kingdom Yugoslavia. With the beginning of the armed war, the Macednian people ordered in the line weth the nations who had resisted to the fascist expansionism becoming a part of the anti-fascist coalition. Still yet in the mid of 1942 the British Division of SOE in Cairo demonstrated an interest for Macedonia due to the fact that it was interested in disabling the communications along the Morava-Vardar valley, through which some military materials were handiling to the port of Thessalonica, and thereto to the frontiers of the Near and Middle East. In line with the instructions, to help all movements of the resistance in the occupied territories, the SOE representatives immediately started organizing a mission which would go to Macedonia and would probe the terrain for delivering weapons and military equipment to the froups who were fighting. Concerning the policy of the Ministry of ForeignAffairs in Great Britain the frst trials for delivering military missions on the territory of Macedonia were connected to the Chetnik movement. However, such missions in the frst half of 1943 did not manage to fulfill the assigned task due to the fact that the Chetnik movement od the territory of Macedonia was rather poor and consisted of elements oriented to Serbia and without any kind of support by the Macedonian population. The strategic changes both od the African frontier and the Mediterranean and the major role on the Balkans as the only European battlefield had a great influence upon the Britain to change their attitude in relation with the National Liberation Movement (NLM) in Macedonia. Special impact upon the change of such a decision had the imformation received by the members of the British military missions in Albania an Greece for the actions, contacts and collaboration among the bidder and powerful units of the National Liberation Army (NLA) and Partisans Detachments (PD) of Macedonia with Greek and Albanian partisans. The surrender of Italy represented a crucial moment in the change of the British relation towards Macedonia. With the arrival of the British military missions at the Supreme Staff (SS) of NLW and PD of Yugoslavia the same were asking from the SS od NLA as well as the PD of Yugoslavia sending off military missions to all General Sraffs (GS) on the territory of Yugoslavia. However, the endeavor of Fitzroy MacLean to send off a mission on the territory of Macedonia, the superme commander of the NLA and PD of Yugoslavia Josip Broz Tito refused them. But when MacLean told that one of their mission descended in Albanie intending to go to the GS of NLA and PD of Macedonia, Tito in the latter addressed to Svetozar Vukmanovic - Tempo dated October 9, 1944 had pointed out that they had to receive "this member of the English mission" asking grom him a financial support in weapons and military material. The arrival of the first British military missions on the territory of Macedonia coincided with the wide spread development of the NLF as well as passing through a high degree in the organization of the military units and creation of regular military units. As a result of the decision at the Central Committee (CC) of the Comminist Party of Macedonia (CPM) made on August 2, 1943 connected with forming the battalions and brigades, on August 18, 1943 the first Macedonian battalion called "Mirce Acev" was established. Within the month of November the First Macedonian-Kosovo Striking brigade was formed and in December the Second Macedonian Brigade, as well. In the beginning of Ostober (from 1 to 5) on the territory of Macedonia the first British military missions arrived. First of all the mission Monkeywrench led by George Quine had arrived and then od October 5, 1943 the mission Milligatawny came at Crvena Voda, the place where the General Staff of NLA and PD of Macedonia were situated. The last mission had, through the territory of Macedonia accompanied by the Macedonian partisans, to leave to Bulgaria where it shold be connected with the Macedonian partisans, to leave to Bulgaria where it should be connected with the Bulgarian movement of the resistance. On the territory of Macedonia, till the end of the war SOE has sent some missions such as: Abbeville, Bethesda, Brasenose, Conserve, Monkeywrench, Spike and Perseverance assigned into the Macedonian units. By its own emeryday reports they contributed the centers of COE in Cairo and London to follow very carefully both the military and political events in Macedonia, directing the astivities of the missions members to provide necessary military and political information as they could act in due time at the commander of Supreme Staff (SS) of NLA and PD of Yugoslavija Josip Broz Tito, having in mind the protection of eheir own interests on the Balkans. After the liberation of Macedonia, the British military missions transferred into Skopje. A part of them were evacuated, and the rest part remained further informing about the situation in Macedonia, especially for the ideoligical motives by the Macedonian political and military leadership with their purpose to unite the three parts of Macedonia. All this was lasting until the formation of the British ambassador in Democratic Federal (DF) Yugoslavia in the middle od 1945. As a result of that, a consulate was open in Skopje in the middle of 1945, by which the operations of the British military missions in Macedonia stopped.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По првите информации од страна на првата британска мисија во однос на тоа кој со кого и против кого се бори, британската влада на 17 септември 1943 година при Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија го испратила Фицрој Маклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
ПРЕДГОВОР Во досегашната македонска историографија прашањето за дејноста на британските воени мисии во Македонија, односно при Главниот штаб и единиците на НОВ и ПО на Македонија, не е темелно, сестрано проучено и расветлено.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Посебно влијание врз промената на таа одлука имале информациите кои пристигнувале од членовите на британските воени мисии во Албанија и Грција за акциите, контактите и соработката помеѓу сѐ поголемите и појаки единици на НОВ и ПО на Македонија со грчките и албанските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Вудхаус бил евакуиран на 4 јануари 1945 година од островот Крф со што престанала работата на британските воени мисии во Грција. Ibidem. 325 Ibidem. 326 Prentice/Wickstead Papers, Signals, 6/2, во ракопис Liddel Hart Centre for Military, Archives, King`s College London 327 Ibidem. 328 Ibid. 329 Ibid. 330 Pentice/Wickstead Papers, Signals, 6/3, во ракопис Liddel Hart Centre for Military, Archives, King`s College London Во неколку документи се споменува одржувањето на ваков состанок.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од тие причини Министерството за надворешни работи на Велика Британија барало предвидените членови на британските воени мисии во Македонија воопшто да не се мешаат во какви и да било политички дискусии за иднината на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По ослободувањето на Скопје дел од членовите на британските воени мисии се стационирале во градот и оттаму ги следеле сите настани што се случувале во градот и оттаму ги следеле сите настани што се случувале на територијата на Македонија и со тоа го запознавале шефот на британските воени мисии во Југославија Фрицрој Маклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таков е случајот со британските мисии во Југославија во штабот на Дража Михајловиќ, во Албанија при одделни племенски водачи и Бали Комбетар како и во Грција. 183 Михаило Апостолски, Завршните операции за ослободување на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
ГШ на НОВ и ПО на Македонија сметал дека по ослободувањето на Македонија повеќе нема потреба од пресој на сојузнички воени мисии во Македонија посебно што одделни членови на британската и американската воена мисија доаѓале во допир со “реакционерни“ елементи, ја клеветеле нова Југославија и се занимавале со растурање на пропаганден материјал.299 Шефот на британската воена мисија во Македонија Милер, го известил Фицрој Маклин за наредбата добиена на 8 декември 1944 година, да ја напуштат територијата на Македонија бидејќи нивното присуство во “Главниот штаб повеќе не било потребно“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По првите информации од страна на првата британска мисија во однос на тоа кој со кого и против кого се бори, британската влада на 17 септември 1943 година при Врховниот Штаб на НОВ и ПО на Југославија го испратила Фицрој Маклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
“300 По интервенцијата на Тито британската воена мисија во Македонија известила за подобрување на односот со членовите на ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со пристигнувањето на британските воени мисии при ВШ на НОВ и ПО на Југославија тие барале од ВШ на НОВ и ПО на Југославија испраќање на воени мисии во сите ГШ на територијата на Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Истото барање било доставено и до шефот на американската воена мисија во Македнија Дикенсон.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во меморандумот на капетанот Морган од 19 март 1943 година за воената мисија во Македонија меѓу другото се осврнува и на “комунистичките и македонските автономистички групи на отпорот кои се особено интересни во однос на незадоволството од Бугарите“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Испраќањето на мисии во штабовите на четниците од страна на СОЕ продолжиле и во 1942 и 1943 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа во ситуација кога СССР бил сојузник, а единиците на НОВ и ПОЈ биле потребни за акции против Германците, тоа било неизводливо. 43 Ficroj Maklin, Op. cit., 54-55. 44 Во почетокот на декември британскиот премиер Винстон Черчил го повикал шефот на британската мисија во Југославија Фицрој Маклин за да се информира за состојбата во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кон крајот на август и почетокот на септември 1941 година регионалниот штаб на СОЕ пристапил кон избор на луѓе за воена мисија во Југославија со цел да се запознаат на самото место со она што се случувало на територијата на Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со пристигнувањето на британските воени мисии при ВШ на НОВ и ПО на Југославија истите барале од ВШ на НОВ и ПО на Југославија испраќање на воени мисии во сите ГШ на територијата на Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Логичен резултат на тоа било запознавањето на јавноста со постоењето на британски офицери на Балканот и на крајот соопштението на министерот за надворешни работи, во декември 1943 година, дека бригадирот Маклин е шеф на една сојузничка мисија во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Посебно влијание врз промената на таа одлука имале информациите кои пристигнувале од членовите на британските воени мисии во Албанија и Грција за акциите, контактите и соработката помеѓу сѐ поголемите и појаки единици на НОВ и ПО на Македонија со грчките и албанските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Исто така, тоа од друга страна давало надеж дека членовите на британските воени мисии во Македонија преку своите извештаи, освен на воената страна, ќе се осврнат и на политичката и ќе ја запознаат демократската јавност во светот со борбата на македонскиот народ за национална слобода и едновремено со желбата на македонскиот народ за обединување и создавање на своја државност и самостојност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
1 Работејќи во последните три години на проектот „Британската управа за специјални операции (СОЕ) - Британските воени мисии во Македонија 1942-1945“ при истражувањата во Public Record Office и Liddel Hart Centre for Military Archives King`s College London дојдовме до британски документи кои се од огромно значење и интерес за нашиот проект.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој требаше да ја втемели доверената мисија во Архивот, врз проверени, исправни и надежни партиски кадри.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Секој си има своја мисија во животот!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дојден сум овде да поздравам еден пријател. Во својата дипломатска мисија во Франција тој стана мој пријател.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Додека тој се излежуваше, размислувајќи за своите благодати, во дворот срамежливо потскокнуваа мали кафеави зајачиња; ќе го одминеше јато синкави еребици со бели шарки на главата, во еден ред, прелетувајќи дваесет јарди; по некој клукајдрвец во лов на тарантули, ќе скокнеше над оградата и ќе го поздравеше со мавтање на долгата опашка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека стариот Елисон правеше грниња меѓу стадото овци, и додека Киова Индијанецот ја минуваше пладневната починка на крајот на кујната, под жешкото сонце, Сем лежеше на креветчето, размислувајќи за тоа во колку среќен свет живее и колку им е наклонет животот на оние чијашто мисија во животот е да забавуваат и да поттикнуваат задоволство.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вишну е материјалната манифестација на Кришна. Dharma или дарба е природно занимање кое нѐ доближува до Кришна или Христос и преку неа ја исполнуваме нашата мисија во материјалниот свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе никогаш не се видовме...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Раскажуваа за своите мисии во поединости, а беа повикани да сведочат за одредени прецизни работи за земјата во која требаше да замине некој од нас, за врвни луѓе од политичкиот живот дамна исчезнати, за настани кои ја беиле изгубиле нивната актуелност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не н заборавајте, беа последните Арафатови зборови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Престануваше мојата мисија во државата Палестина во Тунис, но веќе се наѕираше и почетокот на крајот на Југославија, државата која ја претставував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Продолжуваше мојата мисија во следењето на палестинската судбина, некогаш како дипломат, како амбасадор на државата која веќе не постои во државата која толку силно сакаше да постои.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сојузниот секретар, кој ја имаше репутацијата на кариерен дипломат, како некогашен учесник во партизанското движење во дипломатијата всушност дојде од ЈНА, во униформа и тука остана до крајот на својата функција, која коинцидираше и со крајот на Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беа останати живи некогашните реквизити на Титовото време и владеење - неговиот мавзолеј во Куќата на цвеќето во Југославија, резиденциите ширум Југославија, бродот Галеб, симболот на Титовите мисии во светот на неврзаните во времето на студените зими - во Индија, во Бурма, во Индонезија, во Етиопија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мојата мисија во палестинската држава во Тунис беше при самиот крај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Верноста кон пријателството можеби е најубавото што постои во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓу моите пријателства кои блескаат со трајна светлина од дипломатските години кои ја потврдуваат на личен пример валидноста на формулата на Монтењ беше пријателството со една од легендарните личности на светската дипломатија амбасадорот Лакхдар Брахими, личниот пратеник на генералниот секретар на ООН Перез Де Куељар, потоа на Бутрос Бутрос Гали (негов близок пријател) во пресудната мировна мисија во Либан, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН Кофи Анан во мировните мисии на Организацијата на обединетите нации во критичните времиња во Авганистан, Хаити, Јужна Африка, Либија, Ирак.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Верував во нови херојски страници на мојата нова невозможна мисија во Република Франција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Честопати кога го надлетував Медитеранот во повеќегодишната мисија во Тунис се потсетував на мислите изречени од писателот- пилот Антуан Де Сент-Егзипери, прославениот автор на Малиот Принц, мисли жнеени во бескрајниот свет на тишината на ѕвездите, во неговите мисии како еден од првите воени пилоти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата диплома, како во невозможна дипломатска мисија во татковината на животот, го спасуваше животот на семејството во балканската егзилска одисеја, без никогаш да ја открие својата Итака И конечно во стратегијата на спасувањето на своите деца и семејството во егзилската емиграција, покрај неговото речиси фанатично молчење за своето минато, кое според некои негови претпоставки можеше да биде опасно за неговите пет синови и едната ќерка, тој внимаваше тие да се определуваат за училишта и факултети кои го заобиколуваат затворот, како што нагласуваше во ретки прилики.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Всушност, и тогашната дипломатијата беше заложник на Титовиот ореол и требаше да се присоберат трошките преостанат југословенски идеал за да се најде смислата на невозможната мисија во одбраната на земјата, која беше однатре контаминирана од латентниот синдром на национализмот на побројните нации, распнати меѓу западниот (про австро-унгарскиот) и источниот (византиско-отомански) јаничаризам...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еден од адутите во мојата дипломатска мисија во билатералните односи на Југославија со Тунис беше како да се задржи Хидротехника, специјализирана во изградба на песочни брани, по две децении успешен настап во градбата на најзначајните песочни колинарни брани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Некогашните деведесет проценти на земјата што ја претставував ги бев загубил засекогаш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Моите дипломатски мисии во суштина ги разбирав во откривањето на новите можности на пријателството во напорот да се издржи, осмисли и пренесе човековата судбина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Премногу сум го изложил на ризик своето семејство, децата, суштината на нејзината мисија во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Други пати било помалку итно и веднаш сум заминувал!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минаа повеќе години од првата средба со амбасадорот Лакхдар Брахими во Арапската Лига. Завршија нашите мисии во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бешир како да беше проникнал во текот на мојата мисла.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го сметаа за еден од елитните политичари на југословенскиот режим, со дипломатски мисии во САД, во Индонезија и Германија, како амбасадор, но и како една од врвните личности во дипломатското разузнавање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во младоста пиев само виски. Како и вие сега. На здравје!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потребата од другиот, со другиот, не е само биолошка, туку и духовна претпоставка во човековиот опстанок...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше тоа четвртата година од мојата дипломатска мисија во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сојузниот, откако испи од вискито и млекото, со одмерен тон продолжи, помина на главното на вообичената средба: Вие, амбасадоре, имавте успешна мисија во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Набргу дојде и до мојата проштална посета со Јасер Арафат, како прв амбасадор во државата Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пребрзо сум се препуштил на ризикот да излезам од помирливата егзилска судбина и сум станал дури и амбасадор како туѓинец на земја што повеќе не постои!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред да станам амбасадор на новата Република Македонија, на 19 февруари 1993 година бев ангажиран во дипломатска мисија во земјите на Магреб.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме пренесе на првите месеци од мојата мисија во Тунис, кога летото 1986 година Титовиот школски брод Галеб запре во туниското пристаниште на своето традиционално крстарење со генерацијата нови поморски кадети.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тоа е можеби и смислата на дипломатијата и причината за нејзиниот опстанок во епохата на апсолутните комуникации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Исчезнатото семејство, малата тврдина чии ѕидови беа дамна урнати и чија надеж остануваше само светлината на ѕвездите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко конечно повеќе не сакаше да го запира големиот елан на Климент Камилски: да се предадат на замислената мисија во потрага по излез од балканвавилонскиот лавиринт на јазиците...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше тоа можеби невозможна донкихотовска мисија во потрагата по среќниот Балканвавилон...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но не сакаше по никоја цена да го прекинува својот пријател да говори за неговата успешна мисија во Париз: Не е за верување, ама штотуку стапнав на улицата Monsieur le Prince, за која многупати ти зборував, се најдов, пред книжарницата за Источна литература основана од славниот Ерменец Хрант Самуелиан, уште од 1931 година, а сега водена од синот Армен и ќерката Алис.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка ми зборуваше тивко, додека чекоревме кон местото каде што очекуваше да ја види онаа Мајка Тереза од својата улица, но по нејзината голема мисија во светот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И во оваа Мајкина тајна за знамињата, Татко гледаше дел од заедничката мисија во стратегијата за спасот на семејството, низ немирните бранови на егзилот, во океанот на неизвесноста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мојот компањон, амбасадорот Патрик Крисман, од последната дипломатска мисија, кога јас бев во Франција, а тој тогаш во Македонија, ја продолжуваше својата мисија во Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во периодите помеѓу две мисии во многуте земји, амбасадорот Крисман работеше на високи и одговорни постови во Quai dОrѕау.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ви се восхитувам на интуитивната моќ по читањето на романите Татковите книги и Времето на козите како успеавте да проникнете во нивните суштински пораки и да ги поврзете со времето на мојата мисија во Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие без да знаете дека јас се враќав на Балканот, ми посакавте успех во мојата мисија во Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со професорот Осман Окијар, кој беше и голем познавач на Ататурковото време и времето на неговиот татко Фетхи Окијар, на нивната заедничка мисија во создавањето на нова Турција, и кој објави неколку драгоцени книги за тоа време, имавме неколку средби во Анкара, во Тунис и во Париз.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На крајот, кога сме на темата на враќањето на козите во Македонија, сакам да ви раскажам и за еден вистински настан, далеку од секаква литературна имагинација, од последната година на мојата дипломатска мисија во Париз, поврзан со незавршеното козјо прашање!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Првите денови од мојата мисија во Франција, во Quai dОrѕау, во таа тврдина на милениумската француска дипломатија, како да се најдов во потрага по излез од лавиринт, метафора толку честа во мојата семејна судбина, наследена од татковиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
I Се враќав на Балканот по долгогодишна дипломатска мисија во Париз во октомври 1999 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Инженерот Декостер, поттикнат од вистината за козите во Македонија и од добрите француско-македонски односи во тој период, реши француските кози да ги испрати во хуманитарна мисија во Македонија, а потоа да дојде до масовно враќање на козите во оваа земја, до спас на делови на земјата од немаштија, глад.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Амбасадорот Патрик Крисман во 1996 година ја заврши брилијантно својата мисија во Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не ја криеше својата среќа што тој продолжуваше да ги преведува книгите од мојата балканска сага за време на неговите дипломатски мисии во Македонија, во Албанија, во Франција... 31 октомври 2000 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На 15 јануари 1945 година до американскиот шеф на воените мисии во Белград е доставен список на членовите на АСНОМ избрани на Второто заседание на АСНОМ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Одделот за специјални операции на ОСС презел повеќе мисии во Европа и во Азија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според нивните анализи, со испраќањето на воените мисии во Југославија, тие успеале да "постигнат воена полза", додека ЕАМ во Грција "не ни донесе ништо друго освен неволи и непријатности".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мајорот Скот Дикинсон бил првиот американски офицер што бил испратен при Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Контактот меѓу двата југословенски оддела – СОЕ и ОСС – бил редовен и постојан и веќе кон крајот на јуни 1943 година мајорот Луис Хјут, кој бил раководител на Одделот на ОСС во Каиро, ги имал сите информации за ситуацијата во Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тој момент па сè до крајот на војната членовите на британските воени мисии во своите извештаи од територијата на Македонија секојдневно ќе го запознаваат својот шеф Фицрој Меклин за состојбата во Македонија, а овој извештаите ќе ги препраќа до клонот на СОЕ во Каиро, кој по анализите ги препраќа до Главниот штаб на СОЕ во Лондон, каде што и се креирала британската воена и политичка стратегија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
84 Од резултатите на Второто заседание на АСНОМ (28-30 декември), како што известиле британските и американските шефови на воените мисии во Југославија, на заседанието било избегнато прашањето за грчка Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Успехот на единиците на Црвената армија на Источниот фронт, како и напредувањето на британските и американските единици на сите фронтови во текот на 1943 година го навестуваа поразот на коалицијата која се стремела кон "Новиот поредок".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој барал да се испратат британски воени мисии во Главните штабови и во поголемите единици на сите покраини во Југославија, кои би можеле да придонесат во остварувањето на предвидените британски акции и да послужат како врска преку која ќе се реализираат барањата на единиците на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Испратените британски воени мисии во Порече имале неизвесна судбина.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, сите наредни обиди направени од страна на Британците да спуштат воени мисии во штабовите на четничките единици на Поречито завршиле со неуспех.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во рамките на оваа задача, секако спаѓало и испраќањето воена мисија и во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Токму во периодот кога се одвивале најинтензивните преговори за југословенско-бугарската федерација и кога Македонија покажувала чекори на самостојно дејствување, со намера да ја напушти контролата од Белград, било свикано Второто заседание на АСНОМ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од текот на заседанието посебно бил задоволен британскиот претставник.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мисијата ја предводел синот на Черчил, Рандолф Черчил.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По ваквата реакција на Тито и по "поставувањето на работите на свое место", британската мисија во Македонија известила дека е подобрен нивниот третман во односите со ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За формирање мисија во Каиро, од страна на Вашингтон биле испратени полковникот Елери Хангтингтон, висок офицер на ОСС, заедно со полковникот Густав Гентер и мајорот Луис Хјут.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Првите британски воени мисии што биле предвидени за Македонија се спуштиле на 20 септември 1943 година при мисијата Консензус (Цонценцус), која била стационирана во месноста Манастирец на планината Мокра во Албанија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секако дека присуството на британските воени мисии на териториите на Албанија и на Грција, кои се движеле во пограничните подрачја со Македонија и биле сведоци на борбите на партизанските единици со Италијанците, Германците и Бугарите, имало влијание да се побара испраќање воени мисии во Македонија во единиците на НОВ и ПОМ, за да можат да се запознаат со сето она што се случувало на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа биле првите интерни независни информации за состојбата во Македонија од американски известувачи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
85 Се однесува на демонстрациите на воените единици во Скопје, кои барале заминување на Солун наместо на Берлин.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Текот на заседанието со посебни внимание бил следен и од присутните членови на воените мисии во Македонија, а посебно од шефовите на британската и американската воена мисија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие со посебно внимание го следеле текот на заседанието, посебно говорите на македонските и југословенските политички лидери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За разлика од нив, кон крајот на ноември 1944 година ОСС имал само шест луѓе кај партизаните.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неуспехот се должел главно на погрешните информации што биле доставени до британскиот клон на СОЕ во Каиро, имено, дека четничкото движење има голема потпора на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сосема е сомнително дали монархијата и понатаму може да се смета како елемент на уредување“. 109 Поаѓајќи од позицијата за зачувување на интересите на монар-хијата, кон крајот на декември 1943 година,Черчил упатил специјална мисија во Врховниот штаб, со задача да работи на помирување на партизанските сили и кралската влада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Имено, во текот на септември 1942 година, ОСС и СОЕ успеале да ја договорат заемната соработка.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За разлика од британските воени мисии кои на територијата на Македонија пристигнале во октомври 1943 година, првите самостојните американски воени мисии во Македонија пристигнале при крајот на јуни 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
При здобивањето поголемо искуство во однос на активностите, за ОСС посебно внимание се посветувало на британското искуство во „психолошката војна“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На заседанието присустувале и шефовите на британската и американската воена мисија во Македонија, Милер и Дикинсон.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британците имале 13 мисии во силите на Михаиловиќ во декември 1943 година, а 18 кај партизаните во ноември 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Што се однесува до сугестиите за британската идна политика на Балканот, нивниот "единствен конструктивен предлог" е формирање на "конфедерација на овие земји".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со тоа започнало инфилтрирањето на американските воени мисии во единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По пристигнувањето во Македонија, американскиот шеф на воените мисии, мајорот Скот Дикинсон, за првпат независно од британските воени мисии во Македонија започнал со испраќање извештаи до своите претпоставени во Белград за она што се случувало на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, треба да се има предвид дека британската политика во текот на Втората светска војна била, како што известува Черчил, „да го вооружи секој оној што можел да убива Германци“, без разлика на нивните политички програми.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во извештајот од 22 јануари 1945 година американскиот разузнавач ја запознава својата централа со македонските територијални прашања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Некои од нив биле убиени од страна на бугарските воени и полициски сили, а некои биле фатени и предадени на Германците, потоа пренесени во Скопје, а оттаму во Софија, каде што биле распрашувани од агенти на Гестапо.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меклин настојувал од врховниот командант на НОВ и ПО на Југославија да добие одобрување да се испрати воена мисија во Македонија, но Тито, од засега сè уште непознати причини, тоа го одбивал.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Десеттиот ден од почетокот на големата битка за Грамос, со одобрение на генералот Ван Флит, шеф на американската воена мисија во Грција, авионите фрлија напалм бомби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)