Ако геј- мажите меѓу себе држат во оптек извесни делчиња од главнотековната култура, а во таа постапка им внесуваат полнеж од нестандардни значења и врз таа основа зацврстуваат некоја заедничка култура и некој заеднички сензибилитет, тогаш еден факултетски предмет, на пример, кој ги става во оптек тие конкретни нешта исто така ќе има дејство на геј- иницијација, доколку оние студенти што сè уште не се сретнале со нив ги воведува во многубројноста на можните геј- значења што се притаени во околната култура.
               
             
           
            
            
              „Како да се биде геј“
               од Дејвид Халперин 
              (2019)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Историски, значи, постои многубројноста на формите на тоа прикажување, па дури и при повикувањето на класичните                             филозофи, ако се повикува Кантовиот авторитет или се однесува на                             текстовите на Кант, она што денес се прави нпр. со Кант на одреден начин е ново и сингуларно.                                      Вие сега ја избегнувате историската дијагноза на мислењето,                             додека, меѓутоа, исто зборувајќи за наследството на Хајдегер, зборувавте                             за превладувањето на метафизиката и за крајот на метафизиката.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 1“
              
              (1994)