молк (имн.) - во (предл.)

Афирмирањето на молкот во период кога сѐ (и каменот, и птиците, и татковината, и огништето, и мајката, и стракчињата трева...) се подготвува токму за него, новите песни на Анте Поповски забрзано ги населува таму кај што досега не биле: во пределот на стравот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Молк во собата. Мрак ја обли за миг собата каде што лежеше детето.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Може и не беа сами зашто со нив останаа мракот во очите и молкот во ушите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пиши ми, Агна, до каде стигна со студијата. Од молкот во последниот месец заклучувам дека задлабочено работиш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие паднаа во молк во кој можеа да си ја слушнат мислата, единствената мисла што им ја гризеше совеста исто како што црвот ја гризе срцевината на јаболкото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Влегуваме обземени од фуснотите на животот истечен во молк во Пандорина кутија која конечно треба да проговори.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
И токму во присуството на оваа несигурна помисла треба да ја побарате причината за молкот во кој решив да ја сместам судбината на еден татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ДЕКОРАТЕРОТ Му реков на Боге од Бањи дека Огнена Гулева дојде прва меѓу првите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Попладнето, оти последен ден од неделата, а и потплашена од темниот молк во лицето на Пелагија, Перса ја наговори да подготват нешто убаво за утрешната света Недела, убав ручек, а и нешто благо оти не дај боже може некој ќе дојде да честита што имаат прваче оваа година!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Излегуваме тивко, онемени, со грутка од молк во грлата... Тишина, осаменост и молк...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Молк и многу тага го поплати селото; молк во куќата, во дворот, само во умот неуморно кружи, гребе и длаби мислата и не дава да се смири срцето, да се прибере, ден да се пречека со надеж, ноќ да се преспие без болка...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Настана молк во кој и двајцата ништо не правеа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По некое време се сепна, го зеде телефонскиот именик и почна да ги превртува листовите барајќи го бројот на домот „Златна роза“. Index
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Љубовта тој вечен закон за дејство на сите сетилни органи и чувства... го доведува молкот во функција.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Утредента молк во училницата, гробна тишина: шета учителот со очите по нас, грицка на усните, чкрта со забите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Завладеа молк во Татковата библиотека. Татко немаше што да каже.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка беше градинар на молкот во кој ја одгледуваше добрината во сите нејзини годишни времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)