Врз мракот падна уште една ноќ  и в тој цвет темен затворено сѐ е  под јазикот на молкот немее  Сал ти си буден од бдеење болен  но песната ја нема и ја нема  во несоницата на тие долги дни  Ја нема таа месечина јасна  под тие клепки седело да свие  молчењето да ти го осветли  И така кроце часовите венат  како што вене виење на волк  и липтежот на ветрот како вене
               
             
           
            
            
              „Елегии за тебе“
               од Матеја Матевски 
              (2009)