Таму сѐ треба да легне  во својата длапка  Па сепак песната е глечер  и сѐ е закопано во гатанки и пустош  Во збунети неосенчени зборови  Морето ни дише во лицата  сѐ сака да допре со своето спокојство  А медузата затворена  во синото стакло на водата  како да ја испитува горчината  на нашата изненаденост  додека слегнува на долното небо.
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)