набљудување (имн.) - на (предл.)

За „теорија“ веќе не се смета пасивното набљудување на идеалот, туку прогресивната изработка на модели што можат да се проверат во пракса, значи низ посматрање и низ експеримент.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Математиката е наука за формите и за количествата; математичкото расудување е само логика применета врз набљудувањето на формите и на количествата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Набљудување на планетите! Еден висок планетариум од каде се гледаат помалите и поголеми планети.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Човек, вели, има само три можности за проценка на човечкиот живот: проучувањето на самиот себе, најтежок и најопасен, но и најплоден метод; набљудувањето на луѓето кои се трудат да ги скријат од нас своите тајни или да нѐ убедат да поверуваме дека ги имаат; и книгите, со претпоставените заблуди што се јавуваат меѓу редовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И татковината е само еден идеологем и набљудувањето на нејзиното исчезнување на хоризонтот, исто така дава чувство на слобода.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)