Ја притиснал од една страна, а од друга је го клал небото згора; дошло тамам и го остаил како што го глеаме сега над нас.
               
             
           
            
            
              „Македонски народни приказни“
               од Иван Котев 
              (2007)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  ЗЕМЈАТА И РАЈОТ  Вечната била еден длабок дол, што око чоечко не можело да го догледа и преку тој дол имало мос од влакно и секој чоек, што ќе умрел, ќе поминел на влакното преку вечна и, ако е грешен чоекот, штом  се качи на влакното и ќиниса по него да оди, ќе се скине и ќе падни чоекот внатре во вечна, а пак ако е праведен чоек, едно ќе се качи на влакното, за да врви и веднаш ќе му се стори еден широк мос и трчаница ќе си помини и во рај ќе си влези.
               
             
           
            
            
              „Македонски народни приказни“
               од Иван Котев 
              (2007)