Којзнае можеби еден ден  станувајќи рано в зори  ќе бидеш сведок на некој  неверојатен настан кој решил да се случи  за токму тебе да те направи славен  а ти суетен поет кој дотогаш  само за природа си пеел  и мислел дека си главен  неверуваќи им на своите очи  ги затвориш кепенците  од куќните одамна дотраени прозори  и нишајќи со главата во негодување  на она што пред тебе животот го точи  длабоко ќе воздивнеш велејќи:  – одамна заминаа моите возови  2006
               
             
           
            
            
              „Сите притоки се слеваат во моето корито“
               од Марта Маркоска 
              (2009)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Баричките од двете страни на улицата.  Отежнетата, изводенета топка  и прикриеното негодување на децата  кои ни помагаат да не го заборавиме  бесмртниот фудбал на мали голчиња.
               
             
           
            
            
              „Зошто мене ваков џигер“
               од Јовица Ивановски 
              (1994)