нелагоден (имн.) - во (предл.)

Се смета дека Москва ваквата англиска политика ќе ја прими со недоверба.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Речиси го заобиколивме селово, - ова го рече повеќе заради себе, зашто плодот во петтиот месец почна да ѝ создава нелагодност во стомакот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во Вашингтон, вопшто е констатирано со чудење и нелагодност во разговорите со официјални лица и во печатот дека во говорот се наведени факти за состојбата на герилата во Југославија кои не одговараат на тукашните известувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога помислив дека имаме недоразбирање, ѕидот се помести и веќе стоев онаму каде што чекав да бидам, а тоа ми предизвика пулсирачка нелагодност во стомакот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)