немир (имн.) - во (предл.)

Сепак, балканскиот покер секогаш носеше немири во куќата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Што беше тој крив? Можеше ли тој да знае дека неговата тиха појава ќе предизвика таков немир во оваа осамена куќа, дека ќе му се противстави тој на еден човек што ќе се најде побуден да го брани од него најмилото?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Знам, душо! Но, секој твој погрешен чекор ми создава немир во душава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Молкот кој остана по ова прашање создаде дополнителен немир во душата на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секојдневниот немир во нејзината утроба стануваше поинтензивен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Целта му беше да внесе немир во мене...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа е оној длабок и продолжителен звук што во ноемвриските ноќи се слуша над старата чаршија, над некогашните магацини со колонијална стока во Железничка улица, но кој продира и натаму, внесувајќи возбуда и немир во куќите обвиткани со магла.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во единаесет почнуваше неговата омилена „Час по анатомија“, потоа на полноќ беа вестите на Сител, најновите настани околу студентските немири во Грција и можното поскапување на струјата.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Со немир во срцето, како оној од песната на Тошка и Каролина, и распеана душа, ѕвонам на домофон: „Кој е?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Зошто е сега овој немир во неа, па тој е уште овде и ќе биде овде цел месец уште.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Она што овој никаквец и завидливец сакаше, беше да внесе немир во нашиот дом, ама инаку не измислувал.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Секое утро со самиот почеток на работниот ден, настануваше немир во мене поради сознанието за она што секојдневно се случуваше.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Немири битка водат, широки немири во бранови, од срце до душа и назад се врв на кревкост.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Татко ми со години го криеше неговиот глас, првин од нас, неговите деца, од мајка ми, за да не сее премногу немир во нашите души, првин сакаше да ги филтрира тешките пропагандни пораки, кои секогаш целеа да ги доградуваат душите на луѓето како со чекан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
НОЌНА МОРА Твојот оштар поглед без зборови кажува сé Игровен стремеж на разбушавен немир во замките на архетипско средиште Креативни потенцијали, сонувам во мракот Крвта ферментира како лудо вино.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Таа можеше конечно да се смири, да им се придружи во сонот на децата, додека не се разблажеше татковиот немир во неа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Настанот со случајно откриените знамиња, во чеиз­ниот ковчег на Мајка, внесе голем немир во веќе смире­ната душа на семејството, привикната на двојноста на егзилот, на мачното, но достоинствено приспособување на новата средина која ги прифати нашите судбини, без пого­ле­ми потреси за нивниот натамошен тек. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Постоењето на границата во нашето семејство не се сметаше само за мит, за минато и за иднина, туку и за живо суштество кое, макар далеку од нас, не престануваше постојано да одржува некаков немир во нас, да живее против нас, да ја одржува неизвесноста, да ни ја дели судбината, минатото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)