Кога ли еднаш ќе се сврши  Ноќва без шум и звук на ѕвона  (Таа е шкољка сета сонна  и нема нуркач да ја скрши)  Ти црна ѕвездо зошто трепкаш  колосана со мртва смеа  (Ги срони сонот сите клепки  и еве пак сум сам пред неа)
               
             
           
            
            
              „Дождови“
               од Матеја Матевски 
              (1956)