нурне (имн.) - во (предл.)

“ Со што мора да сум искажал не вчудоневиденост од сексуалната ориентација на новиов пријател, која веќе, на мое целосно задоволство, ја имав утврдено, туку сум го искажал наеднаш сменетото чувство за неговото стојалиште во геј-милјето, како во некаков чуден базен каде што оние чинови на возрасен секс во каков што намерававме да се впуштиме се одвиваа на плиткиот крај, без многу опасност дека, од сите положби што ќе ги заземеме, нема да можеме за час да си го вратиме тлото под нозете, додека детските работи како што е слушањето бродвејски албуми... изискуваа од него да се предаде на речиси целосно нурнување во нешто за што мојот прв фобичен изблик потврдуваше дека е прилично длабочко. (22) ‌Бидејќи упатува на едно обликувачко, изолирачко искуство на несподелива сентименталност, настраната привлечност на бродвејскиот мјузикл – која го враќа геј-субјектот во неговото претсексуално, но екстатично уживање во „детските ствари“ и во сите тие срамни, незгодни емотивни премрежиња на самотното детство – им е многу потежок, многу погорлив залак на геј-мажите од возрасните задоволства на геј-сексот кои го потврдуваат идентитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Себастијан до Гица Прасица, од Венеција до Бродвеј, безброј негеј-културни облици и ликови им подлегнале на опачностите на геј-мажите. (Што тоа, на крајот на краиштата, имаат да прават опачните ако не да изопачуваат?) Како резултат на такви светотворни проекти, во кои геј-мажите си го губат поединечниот хомосексуален идентитет преку присвојување на хетеросексуалната култура, како и преку длабоко нурнување во нејзината настраност наместо во сопствената, голем број негеј-облици не само што се прелеваат во геј-облици туку и стануваат општопознати симболи на гејството.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)