обука (имн.) - во (предл.)

Во тие јасни пролетни дни, на поручек, нашиот скаутски вод „Елен”, составен од седум души, се упатуваше на практична обука в поле.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Претходните 11 области сега се намалени(!) на 7 и тоа: (1) пристап до вработување, вклучувајќи унапредување и стручна и професионална обука во работата; (2) условите за работа; (3) еднаква исплата за еднаква работа; (4) професионални шеми за социјалното осигурување; (5) отсуство од работа; (6) работно време и (7) откажување на договорот за вработување (чл. 3 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Таа беше стујардес во аир Франс, па токму во периодот кога ти беше тука таа беше на некоја двенеделна обука во Сингапур.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа беше периодот кога морав да се откажам од работата во клубот, затоа што ме примија на обука во Хотелот, на рецепција во казиното.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Согласно одредбите на овој закон, македонската компанија (трговско друштво) има обврска на преместените работници кои се пратени на дополнителна обука во македонски компании и на преместените странски работници кои спроведуваат дополнителна обука за македонски работници да им обезбеди минимални права за работно време, паузи и време за одмор, ноќно работење, здравство и безбедност на работа и посебна заш- тита на работниците согласно Законот за работните односи и општ колективен договор (чл. 17 и 18).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)