И сирото тркачко грло со куп ребра и една бела душа - си попаднало во нестарателски раце.  „Твојата соба е поголема“ , шепнаа. „А утре ќе дојдеме и ќе го однесеме.“  „Кого?“ Го триеше со дланката темето и мислеше: брзо ми расте овесов на глава - треба утре да појдам на бричење.  „Коњот“ , чу и се изненади. 
               
             
           
            
            
              „Месечар“
               од Славко Јаневски 
              (1959)