Нема што, како што вели на подбишега народот, татко го фати крстот, се огласува Боше, најмладиот од четирите Анѓелови синови, којзашто е овчар никогаш не стигнал да биде ни на свадби ни на закопи (од малечко ака со овците Јаузоски низ полето и по ридиштата) па не се одбира од ред, не знае дека кога се седи со постари на една трпеза, само се седи и се слуша тие што зборуваат.
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)