оглас (имн.) - кај (предл.)

Остана редовното пријавување во 76 Агенцијата за вработување 6 во роковите утврдени со овој закон, но наместо пријавувањето на објавените огласи за потреба од работници и доставувањето доказ за пријавување на огласи кај работодавец, во средствата за јавно информирање или во Агенцијата, со промените од 2004 година од невработеното лице се бара да се јавува на покана од Агенцијата за вработување заради: а) советување, б) присуство на состаноци и интервјуа, в) доставување на потребни документи, г) упатување кај работодавци заради вработување и разговори во врска со искажаните потреби и условите за вработување и д) упатување кај работодавци, здруженија на работодавци и институции заради вклучување во обука, преквалификација или доквалификација заради вработување (чл. 5, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во поглед на обврските на невработените лица кои произлегуваат од нивниот статус на невработени лица, со донесувањето на ЗВОСН утврдена е дополнителната обврска, за тие да можат да се водат како невработени лица, на секои два месеци да доставуваат доказ дека се пријавувале на огласи кај работодавец или во Заводот (чл. 14, ЗВ и чл. 53, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Станува збор за релативно техничка промена, имено, за да го исполнат условот „активно барање работа“, покрај веќе пропишаното редовно пријавување во Заводот за вработување во утврдениот рок и доставувањето доказ дека се пријавувале на огласи кај работодавци или во Заводот, невработените лица добија дополнителна обврска да се пријавуваат на објавените огласи за потреба од работници кај работодавец, во средствата за јавно информирање и во Заводот за вработување (чл. 2, ЗИДЗВОСН/март.00).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)