одмор (имн.) - во (предл.)

Кога советот смета дека предметот е расправен така што да може да се донесе одлука, претседателот на советот ќе соопшти дека главната расправа е заклучена, а потоа советот ќе се повлече на советување и гласање заради донесување одлука (чл. 290, ст.1 од ЗПП). 5.  Годишните одмори во судовите траат од 15 јули до 15 август [и ова се смета за „време кога судот не работи“].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судијата има право на годишен одмор во траење од 26 работни дена (чл. 72, ст.1sq и ст.5 од ЗСуд). 6.  Со денот на отворањето на стечајната постапка договорите за вработување склучени меѓу работникот и работодавецот- должник престануваат [по сила на закон].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За време на годишните одмори во судовите од прв степен се извршуваат само т.н. „нужни работи“...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас бев веќе чупе што би рекла баба ми Софија кога одевме на одмор во Будва или во Бар, некаде на Црногорското приморје.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пред мене излезе и рекламата во една туристичка агенција, која нуди зимски одмор во Крањска Гора и на Бохињ во нашата земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лајтмотивот на „Билјана“... се провлекуваше за сето време, додека се појавуваа пејсажите на охридскиот брег: Свети Наум, Струга, Калишта а потоа и песочните плажи на Преспанското Езеро, височините на Пелистер, убавата Битола, во која, како што раскажа спикерот, се задржала по неволја, една француска брачна двојка, која минатата година заминала на одмор во Охрид.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Малиот одмор во Прага внесе сигурност кај сите нас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На одморите во десет и единаесет пак не може да ја види. Каде се сторило девојчево?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сигурно беа отидени на годишен одмор во Грција.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Излегувајќи на одмор во ходникот на училиштето ја здогледав Вера. И тоа со дневник во рацете.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тогаш Хајнрих беше скоро неподвижен, затоа што неговиот ум не можеше да му каже на телото да се придвижи – деновите ги минуваше в кревет, и само кога доаѓаше часот за одмор во парк, болничарите ќе го поткренеа, ќе го поттурнеа и тој како некаква машина се движеше сѐ додека некој го туркаше, правејќи отсечни чекори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше спарно лето, сѐ испаруваше и градот трепереше пред очите, како да се подготвува да се растопи во горештината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Честопати, во времето предвидено за одмор во паркот, во Гнездо доаѓаше мајката на Хајнрих.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во летото 1922 година мајка, Роза и сите од домот на Зигмунд беа на одмор во Виенските шуми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го движеа така по ходниците до излезот, потоа го носеа до некоја од клупите, па го притискаа на рамената и тој седнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некој нејзин шеф во кожено палто ѝ ветил со играчка насмевка летен одмор во оградено летовалиште на високи дотации, меѓу министри, началници и политички фолери.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Претстоеше за него релативен одмор во времето кога според договорот Татко требаше да реферира за останувањето во балканските јазици на безопасните турцизми како: 1. ајде, 2. јаваш, 3. кадија, 4. табиет и 5. милет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некој нејзин шеф во кожено палто и ветил со итречка насмевка летен одмор во оградено летувалиште на високи дотации, меѓу министри, началници и политички фолери.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пред крај на летото ми рече дека сакаш да одиме на одмор во Турција, но јас бев без работа и немавме пари.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Летото посака да одиме на одмор во Анталија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Летата во Анталија се премногу топли, па, некои пријатели од Скопје нѐ советуваа да не одиме на одмор во Анталија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во контекст, пак, на должината на годишните одмори, во август 2008, одредбата којашто предвидуваше дека работникот има право на годишен одмор во траење од 20 до 26 работни дена – се замени со формулација според која „работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 дена“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Авторот не сметаше за потребно да влегува во понатамошни детали во врска со заминувањето на Су на одмор во Сан Диего.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се смеат сите. Прошетката и одморот во караулата бргу мина.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Испишав јас половина тетратка со впечатоци од мојот одмор во детското летувалиште во Тиват.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сепак, овие беа потопли отколку оние коњските.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се сеќавам во селото Црешево, имавме одмор во исто време кога една бригада се враќаше од каде што ние требаше да одиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)