Испружен на грб  ременот на панталоните  и јазлите на кондурите  одврзани  очи замижани  раце прекрстени  една врз друга  на стомакот  и едно вито, бело стебленце  извишено покрај мене  како свешта над глава. Како помрачен  вежбам некаква смрт.
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)