Како    од наша страна ветуваме дека ќе сториме сѐ за нејзиното почитување и нема да    дозволиме да биде било како кршена.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 32-33“
              
              (1996)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Од овие причини, откако според мислењето на владарите од наша крв со    другите владари и почитувани од нашето кралство и другите важни и угледни лица    од државниот совет што беа присутни, добро и совесно ја разгледавме и проучивме    цела работа, со оваа изречена, прогласена и наредена конечна и неотповиклива    одредба изјавуваме, прогласуваме и наредуваме:
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 32-33“
              
              (1996)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ако е природно исправна личност, (Во Новоговорот „ добромислач“), тој во секоја околност ќе знае без да размислува, кое верување е исправно и какво чувство е пожелно.
               
             
           
            
            
              „1984“
               од Џорџ Орвел 
              (1998)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Во оваа прилика, кога се работи за мошне важна работа што    вреди добро да се разгледа, откако ги прегледавме книгите на жалби на нашите    католички поданици и откако им дозволивме на своите поданици на споменатата    вера, што се прогласува за реформирана, преку своите пратеници да ги соберат и    да ги посредуваат своите книги на жалби и да ги соберат сите свои забелешки, и    врз основа на тоа со нив повеќе пати ги споредивме и ги прегледавме претходните    одредби, оценивме дека е сега потребно да се даде за сите заедно на сите наши    поданици општ, јасен и сѐопфатен закон, со којшто ќе бидат уредени сите спорови    што до сега се појавиле меѓу нив и ќе се појавуваат и понатаму, и со којшто ќе биде    можно да се задоволат и едните и другите, колку тоа во дадените околности ќе биде    возможно. што се однесува до нас, поради тоа што оваа одлука ја донесовме само    од желбата да му служиме на Бога и со намера сите наши поданици и понатаму да    можат да го почитуваат и да склучат меѓу себе цврст и траен мир, понизно ја молиме                                                            Margina #32-33 [1996] | okno.mk                                                                                        93    Неговата божја милост за еднаква заштита и наклонетост, што секогаш видно ја    доделувал на ова кралство од самото настанување и сите овие долги години што    ги достигнало, и да им наклони милост на нашите поданици, за добро да разберат    дека почитувањето на оваа наша одредба (по тоа што е нивна должност кон Бога    и кон сите) е главен темел на нивната врска, соживот, мир и спокој и повторното    уредување на целокупната држава во првобитниот сјај, изобилство и моќ.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 32-33“
              
              (1996)