оправдување (имн.) - за (предл.)

Во случајот на денешните постколонијални земји, кај многу од нив во Третиот свет, национализмот може да стане оправдување за многу работи, како на пример за: укинувањето на личните слободи, еднопартискиот систем, диктатурата на армијата, култот на водачот и различните форми на екстремна ксенофобија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но прошетката ќе ги освежи, ќе запалат по една цигара, а сообраќајката е добро оправдување за евентуалното доцнење - рационално си ја сумираа ситуацијата, без поим во што се впуштаат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Гого и жена му го запознаа девојчето кога дојде синот дома да си ги собере пљачките, а после останаа да се тешат: Гого наоѓаше оправдување за неговиот наврапит (по него) и непромислен (по неа) чекор, во тоа што детето, односно човекот, сака веќе да се осамостои, да застане на свои нозе и да заснова свој дом, па и да се оттргне од влијанието на таткото како сликар и просто да излезе од сенката на неговиот авторитет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не се работи само за синонимите, туку и за антонимите. Впрочем, какво е оправдувањето за постоење на еден збор кој е само спротивност на друг збор ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од овој, но и од редица други слични вакви случаи кадешто како тужена се јавува оваа државна фирма – гледаме дека е мошне симптоматично тоа што судот ги [од]враќа работниците кои го тужат АД „Охис“, изнаоѓајќи лажни бирократски оправдувања за наводна „непотполна документација“ која тие, во рок од осум дена, треба да ја докомплетираа и да му ја достават на судот – иако, од друга страна, раководството врши опструкција и одолговлекува со издавањето било какви документи и информации кој судот може, но не сака (!?), да ги прибави по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По рабовите на срцето, на ивицата од животот во слободен пад ќе лебди потребата од оправдување за нашето постоење и разликата помеѓу: - “Или хармонија во душата или рамнотежа во просторот?”
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Борбата, секако, е условена со историските околности, но тоа не е никакво оправдување за потсвесното блокирање на свеста и за претпоставување на фараонската историја пред демократската форма на општество.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Иако е крајно огорчен од целокупната ситуација во државава, но и во светски рамки воопшто – Љ.Н. е одлучен во тоа дека, во иднина, повторно би тужел доколку му биде повредено некое работничко право. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не може да најде оправдување за нејзината жртва.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)