орел (имн.) - во (предл.)

Сум гледал рујна пролетна зора, сум гледал орел во крилен лет, сум гледал реки, езера, мора, ­ но како тебе прилеган Пирин не видов нигде на овој свет?
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Го фрли орелот во правта и очекувајќи некој од христијаните да му понуди сол, строг и љубопитен го пренесуваше погледот од еден на друг.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како риба во глобина. Како орелъ во вишина Како овца съ рȣдо ѧгне, Како лоза съ бело грозье.
„Мисли за болгарскїй-отъ ѧзикъ“ од Партениј Зографски (1858)
Се чувствуваат како орли во кафез, на кои им се потсечени крилјата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Колобан од балконот се шири „како орел во торба" оти му игра Бојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Се дуе како „орел в торба и продолжува да се фали како е арен човек, како ќе попушти на селаните, ако се вади сноп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)