останат (имн.) - во (предл.)

Ги отварав повторно очите и се занимавав со посматрање на останатите во купето.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Комуникацијата е можна единствено на овој начин, бидејќи тоа е единствениот начин на кој секој говорник под јазичните изрази го подразбира она што го подразбираат и сите останати во неговата јазична заедница.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога еден говорник загосподарува со изразот, тоа го прави така што ја сфаќа неговата објективна смисла а потоа го употребува, доколку тоа го прави коректно, во согласност со неговите објективни услови на смисленоста.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од рубата што беше останата во ковчегот како да го почувствува здивот на жена си, миризбата на нејзиното тело.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Спретните движења на касиерката, извежбани така за до бескрај да го одржуваат истиот монотон интервал на потсвирнување на читачот на бар-кодот, и лицата на останатите во редот кои изгледаа како секој миг да ќе ја нападнат ако не дај боже се случи некаков застој, не оставаа можност за разговор за, на пример, времето, смртта на Харолд Пинтер или тукушто откриеното племе во Бразил.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Со загуба на фонетската вредност кај одделните знаци и со нивно хипотетско натамошно отстранување од алфабетот постојано би се менувала парадигматиката на писмото, а тоа би довело до постојана промена на бројните вредности на оние знаци, кои се останати во системот на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бројките од трактатот „За писменех“ треба да се разгледуваат мошне внимателно, затоа што 38 букви има и кириличното писмо без грчките букви останати во алфабетската низа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Освен тоа, дотогашното позајмување на грчките системи на писмо течело токму во таа насока - позајмување на унцијалното писмо, каков што е случајот со коптскиот и со готскиот системи на писмо. 5.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ваквата ситуација се објаснува со стремежот за зачувување на стариот редослед на знаци во писмото, и соодветно со тоа, на старите бројни вредности на истите знаци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Модот на комуникација ја одредува не само брзината, туку и природата на промената.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Индивидуите се активирани да се променат кога од останатите во својата група ќе примат сигнали за некоја нова идеја.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)