остров (имн.) - во (предл.)

Бугарските трупи дотогаш ги беа окупирале областите кои им биле доделени со одлуката во Беч-источниот дел на Егејска Македонија и Тракија, какои делот на крајбрежните острови во северниот дел на Егејското Море (меѓу нив и два поголеми острови - Тасос и Самотраки) и во овие делови воспоставиле своја цивилна и воена власт.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ама Крстовица не се осмели да го праша човекот кој и го читал писмото што носело царски знак - зошто триесет и шестата него, сега јyнакот од Иван Планина, заради едно „добро утро“ изречено на македонски, шест месеци прележа на еден од камените и суви острови во Егејско Море?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знаеше дека е забрането, ама кога налутен од нешто опцу на тој свој мајчин јазик и малку поднапиен запеа в кафеана „Слушам кај шумат буките...”, додуша тивко, ама доволно гласно за да го слушнат некои, на шест месеци го пратија во казнена единица во еден од логорите на сувите острови во Егејското Море.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во огромните лаборатории на Министерството за мир и во експерименталните станици скриени во бразилските шуми, или во австралиската пустина, или на изгубените острови во Антарктикот, експертските тимови неуморно работат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги пронајде двете загубени души што сплаварот ги беше оставил на спротивната страна. Ѝ остана уште да ги врзе двете откинати алки, да биде сведок на асоцијативното спојување на двата пловечки острови во водите на Власинското Езеро.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Киберпанкерски ориентираните дела на Брус Стерлинг (Bruce Sterling) „Шизматрикс” (Schizmatrix), „Острови во мрежата” (Islands in the Net); Пет Кадиган (Pat Cadigan) - „Мозокчии” (Mind-players), „Убавиот си заминува” (Pretty Boy Crossover); и Џон Ширли (John Shirley) - „Замрачување на короната” (Eclipse Corona), ги привлекоа СФ приврзаниците. okno.mk | Margina #3 [1994] 51
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Еден остров во Дубаи содржи парче душа и уморна насмевка.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Мајка ми беше во Полска, татко ми во Грција (заборавив да кажам дека кога беа затворени во Лерин татко ми со браќата и снаата, татко ми не го пуштија од затвор, туку беше прогонет на островите во Грција и таму беше сѐ до 53 година ...ако е точно, не сум баш сигурна(!)... кога го ослободија живееше во Лерин, ама беше политички неподобен).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тогаш и Закинтјани вкусуваа од еднаш освоената, сега и возвратената доблест.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа порака, пристигната на островот во тие негови нови трагични денови, на Закинтјани им значеше повеќе од сè.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Напразно е мавтањето по птиците што лебдат над остров во морски широчини...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)