Се исплаши Полин и повеќе не го чекаше офицерот и војниците, бегаше од дома.
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Кога заминаа офицерот и војниците, луѓето го кренаа вкочанетото тело на сликарот и почнаа да го носат на раце како икона.
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Страшно се лутеа офицерите и чаушите ако некој од селаните речеше: „јок“, на таквите им удираа стопати повеќе бој отколку на тие што велеа „вар“.
               
             
           
            
            
              „Толе Паша“
               од Стале Попов 
              (1976)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Таква беше и судбината на офицерот и славист Андре Мазон, кој не се врати од бојното поле со медали, туку со книги за опстанокот на обичните луѓе, недолжните жртви на Големата војна која ја водеа Големите сили и нивните балкански поделени балкански сојузници.
               
             
           
            
            
              „Балканвавилонци“
               од Луан Старова 
              (2014)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  А кога Турците прашаа: „нерде ди?“ тие ја покажуваа со глава и раце пространата планина со еден единствен збор: „балкана“.
               
             
           
            
            
              „Толе Паша“
               од Стале Попов 
              (1976)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Климент Камилски, уште како студент и докторанд на Сорбона, располагаше со главните дела на Андре Мазон и во College de France им се восхитуваше на неговите предавања за руските класици Иван Гончаров (за кого своевремено одбрани докторска дисертација на Сорбона) за Иван Тургенев, од Пушкин и Шевченко до Достоевски и Толстој. 
               
             
           
            
            
              „Балканвавилонци“
               од Луан Старова 
              (2014)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Жена му бегаше од куќи кога доаѓаа офицерот и војниците, а луѓето му велеа:  „Ете, што направи Полине, им ја оддаде тајната на непријателските војници...“ „Каква тајна?“ се чудеше тој.
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  За време на демократијата беше армиски офицер и клучна фигура во организирањето на гардата како полу – воена единица којашто треба да го создаде и контролира новиот поредок во земјата.
               
             
           
            
            
              „Браќата на Александар“
               од Константин Петровски 
              (2013)