Понекогаш квечерум чистачот на чевли од Plaza de Armas  седнат пред портата на својата розова куќичка под огромниот крст на врв рид  ќе фрли поглед на параглајдерите над Мирафлорес  - колку да им довикне на аздисаните туристи и авантуристи  дека сѐ што лета не е кондор,  ќе фрли поглед чистачот на чевли и кон сурферите кај Баранко  - колку да им довикне на јавачите врз сопствените мечти  дека баш во Баранко опирањето на застоеноста на живеачката  се правеше со вина, песни и убави жени,  а не со некакви пластични секачи на морските бранови.
               
             
           
            
            
              „Ситночекорка“
               од Ристо Лазаров 
              (2012)