патешествие (имн.) - во (предл.)

Живееше во Кротон, во приземјето на една реставрирана викторијанска куќа, половина милја од станицата Хармон, од каде секое утро фаќаше воз за Менхетн одејќи на својата работа, уредник во Антропологија денес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само што ќе го наслушнете внатрешниот Глас алхемијата на домот веднаш тргнувате ни риби, ни змии на далечен пат, само вам знајниот Млечен пат од слатки и солени води на деноноќни бесони патешествија во кои го составувате едниот крај на светот со другиот па повеќе не е јасно дали егзилот е траума или радост на преселбите да се биде и таму, и ваму од светот да се направи меѓусвет секогаш да недостасува нешто суштествено од едно и едно да се направат три носталгијата да биде дискретна смисла на опстанокот која ревидира сѐ и повторно ги дефинира и селидбите, и враќањата и татковината, и туѓината!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Конечно, по две недели од патешествието во Рајнбек, таа ме повика во својот стан. На пијалок, рече.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вечера. Мирна вечер пред теве.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Жената, со топли дланки врз распупените дојки, шепоти благослов за неговото неизвесно патешествие во царството на чкрапјите, влакнестите пајаци, лукавите аждери.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Еднаш неделно се среќаваа во град за ручек да дискутираат за верските написи и Дејвидовото лично патешествие во верата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ова беше првото излегување на Рада од нејзиното лажно патешествие во Америка. ѝ дојде како олеснување, како издувен вентил од кој требаше да излезе сето негативно што со месеци се натрупуваше во неа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)