Благодарејќи им на карипските обивачи го изгубив својот дневник на некакви пост-марокански патувања и подоцна го пронајдов, од сите неверојатни места, на дното на џакузито крај плажата, но и тоа е приказна која треба да се бара во некој друг некогаш одамна, а не во овој; исто како и приказната за губењето на мојата омилена капа,           една баскиска беретка, во застрашувачкиот Тахо де Ронда во Андалузија, и за нејзиното подоцнежно неверојатно враќање. 72                                                                                            okno.mk 
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 34“
              
              (1996)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Сеќавањето на татковите книги го означуваше нашето патување и во животот.
               
             
           
            
            
              „Патот на јагулите“
               од Луан Старова 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Имаше нешто гротескно во судбината на сега веќе куциот човек и на уште неколкумина негови пријатели кои, во една вејава зимска ноќ, во времињата кога земјата беше затворена за патувања и преселби, тргнаа да бегаат преку граница, преку Каба Планина, кон Грција, а оттаму, како што веруваа, во Америка или во некоја друга слободна земја.
               
             
           
            
            
              „Бунар“
               од Димитар Башевски 
              (2001)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Едното веќе ја наместило фирмата на старата готварница на Паско Бачо - „Пчела“, трговија со мед, матици и трутови; второто „Турс“, патувања и посредништво, работа во Нов Зеланд; третото „Зодијак“, што ни кажуваат ѕвездите, изработка на хороскопи.
               
             
           
            
            
              „Бунар“
               од Димитар Башевски 
              (2001)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Годините поминати во автобус на долгите патувања и чекањето на границите ме истренирале, трпението ми е на ниво 11 од можни 10.
               
             
           
            
            
              „И ѓаволот чита пРада“
               од Рада Петрушева 
              (2013)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                   1. Приказната на иконописецот
 
   
 
   „Тркнав до Бизант, царство на залез
   а позлатено од живопис, од убав поубав
   па откако се вратив, дали изменет
   или себепронајден, како што обично бива
   по далечни патувања и провиденија,
   решив:
   ќе ги осветлам тоновите на моите икони!
               
             
           
            
            
              „Ерато“
               од Катица Ќулавкова 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Тоа патување и таа радост никогаш нема да ги заборавам!
               
             
           
            
            
              „Дружината Братско стебло“
               од Јован  Стрезовски 
              (1967)