пајак (имн.) - ја (зам.)

Во ноќите во кои сум копнеел по телото на Луција, не сум предвидел таков потег; имаше во тој потег нешто сосема студено, рутинско, клиширано; оној кој гледал како пајакот ја плете својата мрежа, знае дека тој тоа го прави со геометриски студена прецизност, според сосема јасната самосвест за сопствените анатомски можности.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Без размислување ми одговори: Помеѓу сонот и она што не е сон понекогаш нема граница. Го знаеш тоа и самиот – господар си на соништата.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Оваа моја мисла пајакот ја сфати како прашање.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)