плоча (имн.) - во (предл.)

Камените плочи во дворот беа мокри, како штотуку измиени и му се чинеше како и небото да е измиено, толку свежа и бледа беше синевината меѓу оџаците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со коса црвеникава како перика и темни очила, постојано купуваше плочи во музичкиот магазин.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во меѓувреме, J. Mascis, лидерот на Dinosaur Jr., го наведува албумот на country мајсторот Charlie Rich, „Pictures and Paintings“ како своја најомилена плоча во претходната година, а двете песни од сѐ уште актуелниот албум на Dinosaur, „Where You Been?“”, Mascis ги опишува како „враќање кон country мелодиите“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Една од клучните плочи во таа фаза, во смисла на оние што нудеа алтернатива на буката и бесот, беше и соло албумот на Mark Lanegan, “The Winding Sheet”. Lanegan на овој албум рамноправно ги третираше звукот на виолината и акустичните гитари со електричните инструменти, а како чекор понатаму кон фолк традицијата ја сними и обработката на Leadbelly-евата песна “Where Did You Sleep Last Night?“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И се тргна на замрсеноста. Ја спушти оревовата поцрнета плоча во ковчегот од кој ја извади и стана премудар: го запозна минатото, виде дел од иднината, ќе молчи, господ ги определува за видовити, оние што знаат да ги чуваат неговите тајни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега дури и му се стори како да ја гледа онаа постојана врвца пилотина како фискија од двете страни на забиеноста на челичната плоча во дрвото, како се спуштаат тие бели сиџими по подот и како се расејуваат по целата просторија, што подигрува под ритамот на бичењето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За Борис Биџов се кажа дека е на горната плоча во другиот влез, каде што се сместил и Коста Ципата со својот накот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нормално, бидејќи веќе имаа зафатено место во недоправената зграда на крајот од населбата, вагонот се растоварал во непосредна близина и од таму на раце се носеле пљачките и другите работи на првата плоча во зградата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ги знаеше сите можни и модерни танци, го викаа Бане Румбата, затоа што прв ја заигра румбата на бетонската плоча во паркот Идадија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Поминуваа низ селата кои денес не постојат, а дека постоеја сведочат црквите и по некоја надгробна плоча во оскрнавените гробишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сè повеќе има мешовити фирми Диџеите во дискотеките миксаат плочи Во увото се мешаат звуци од кафулињата Во клубот девојки мешаат на шипка Сонот го меша возможното со чудесното Детето ги помешува левата и десната патика Бетонската мешалка му ја прегазува топката (Градежните фирми уриваат домови!)
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Секоја од империите, осудени на неизбежен пад и заборав, како да има свои надгробни плочи во остатоците на киклопските камени блокови на кои беа втиснати пораки со различни писмени знаци, секогаш разместувани од новите освојувачи или од потресите на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И, еда, клавање плочите во ваганката со вода, море вриење, клокотење, да му бам мајката, дури и ваганката се покрева и вода префрла преку венче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)