3. Горниот свет
 
   
 
   Неартикулирана камена композиција
   втисната на Гарван, черна древна птица
   затскриена зад брезите, дабојте, черешните
   меѓу трепетливиот и див отсјај на небото
   двосмислена како поетски знак
   и живописна
 
   а ние -
   недораснати да ги разбереме
   мегалитските, сакрално елементарни
   глетани семи на минатото
   само ги посакуваме, и -
   приседнуваме на Плочите
   небаре во неправедно студениот
   скут на Господ
 
   кратко, многу пократко од О-н-ние онаму долу
   во подземјето полно мицелиум
   и ехо, ехо од Ум!
               
             
           
            
            
              „Ерато“
               од Катица Ќулавкова 
              (2008)