Набргу потоа, Ема ме обгрна со бутовите и ме натисна за да може со одмерени движења нагоре и надолу, и со сила што доаѓаше одвнатре, брановито да продолжи да се движи нагоре и пак надолу, без да се одделува од мене, туку да се лизга по мене и така да се ослободува од струјата што ѝ истекуваше меѓу олабавените усни, додека со поглед откосо, еднаш од едната, а потоа од другата страна на лицето, упорно бараше одговор од моите очи што ја гледаа низ полуспуштените клепки како низ решетки на затвор.
               
             
           
            
            
              „Полицајка в кревет“
               од Веле Смилевски 
              (2012)