Крадец на крадец  ништо не му краде  и откога Прометеј  се истопори  во центарот на Скопје  (првин угул гол  потем со наметка на алтипатлакот)  и свика на бадијалџиската толпа:  аманте бре, луѓе,  за тоа ли толку се резилев  и го маткав оној зевс  додека му го дрпнав огнот на хефест  за тоа ли се мачев  да ве научам како се пали огнот  - за вие да ги распалите  сите шуми и гори македонски  сите до една опеани  во заборавените народни песни  - колку огнови сте украле,  толку пожари да распалите.
               
             
           
            
            
              „Светилничар“
               од Ристо Лазаров 
              (2013)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  34. ЛУТ МАЖ - ДОМОТ СЕ ПАЛИ, ЛУТА ЖЕНА - ДОМОТ ГОРИ -  кој ќе дојде отстрана пожаров да го гаси  врз оганот полиен ко бензин ќе се стори  и само камен на каменот од домот ќе спаси...
               
             
           
            
            
              „Куршуми низ времето“
               од Љупчо  Стојменски 
              (1976)