поим (имн.) - јаничар (имн.)

Требаше да најдат конечна дефиниција за поимот јаничар којашто требаше да ги одрази сите нивни заеднички потраги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тој беше добро подготвен да се справи со судбината на поимот јаничари во текот на времињата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко на крајот мораше да повика на компромис: Ако вака продолжиме ние никогаш нема да излеземе од маѓепсаниот круг на поимот јаничарство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Многу време помина во разјаснувањето на поимот јаничар (кој етимолошки според турскиот збор значеше - нова војска), чија генеза на постоење под други имиња но со иста логика за употреба на војската (со кастриран идентитет) за да се овековечи владеењето на империјата, им беше позната уште на првите империи во Европа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Емил Литре, во едно од фигуративните значења на поимот јаничар, сведочи за постојаните приспособувања кај Европејците во духот на соодветните состојби, и по подемот и падот на јаничарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)